6.8 C
Скопје
08:23 - 1 април, 2026

Ана Николиќ првпат за тешкиот период низ кој минува: „Лузните на лицето се само мал показател за сите резови на душата“

Пејачката Ана Николиќ е една од најпопуларните изведувачки на овие простори, а иако ретко зборува за својот приватен живот, сега почувствува потреба да се огласи.

Имено, во изминативе неколку дена многу се пишуваше во медиумите за видеата кои се појавија на социјалните мрежи на кои се гледаат лузни на челото на познатата пејачка, додека таа се жали дека е во лоша финансиска состојба и дека има само 100 динари на сметката.

Поради снимките Ана влегла во конфликт со нејзиниот менаџер Саша Мирковиќ кој ја обвини дека користи наркотици.

Пејачката Ана Николиќ ги демантираше ваквите тврдења, наведувајќи дека тоа никогаш не ѝ бил начин на живот и „дека тоа се лажни обвинувања кои ја деградираат како личност, мајка и жена“.

Ана Николиќ сега реши да им се обрати на своите фанови преку Инстаграм.

принтскрин

– Огромна благодарност до сите што ми испратија толкава поддршка. Понекогаш не сум ни свесна колку од вас ме сакаат. Знаете дека не зборувам многу за мојот личен живот, што не значи дека не сум поминала низ бури. Различни бури, приватни. Не ја прифаќам улогата на жртва, а кога сум токму тоа… отсекогаш сум избирала да бидам победник! Но, човек се уморува, и најсилниот паѓа. Не мислам дека она што не те убива те прави посилен. Лузните на лицето се само мал показател за сите резови на душата – напиша пејачката на Инстаграм.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....