22:54 - 5 април, 2026

Ана Николиќ и Раста се смириле? Пејачката со шокантен потег покажа дека после сѐ е во добри односи со раперот

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста во последните месеци целосно го промени имиџот и е тотално непрепознатлив.

Имено, Раста ослабе 20 килограми и ја зголеми брадата и косата кои ги врзува во мало опавче, кое целосно го трансформираше.

Многумина беа изненадени од оваа промена, а сега за неговиот нов изглед се огласи и поранешната сопруга на пејачот, Ана Николиќ.

Една страница на Инстаграм го објави видеото на Раста и ги замоли следбениците да го коментираат неговото ново издание, а пејачката беше меѓу првите која го коментираше неговиот изглед.

Таа јасно стави до знаење дека ѝ се допаѓа неговиот моментален имиџ, пишувајќи:

– Топ – со огнени емотикони.

Нејзиниот коментар ги привлече сите погледи, а со ова стави до знаење дека сега меѓу нив очигледно повторно сѐ е во најдобар ред.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....