6.8 C
Скопје
23:08 - 16 март, 2026

Ана Бекута трпи неподносливи болки, веќе со месеци не може да се опорави

Српската пејачка Ана Бекута ја скрши раката на почетокот на годината, а од оваа повреда не се опоравила ниту шест месеци подоцна.

Пејачката се појавила на роденденската забава на нејзината колешка Бранка Соврлиќ во елитен белградски ресторан, а сите биле изненадени кога повторно ја виделе со лонгета на раката.

На почетокот на годината, Бекута доживеа несреќа во текот на настап на една приватна прослава, поради што заврши во гипс.

Фрактурата на раката била многу сериозна, а Ана носела гипс два месеца, кој вешто го криела со палтото при пристигнувањети на снимањето на српскиот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Во тие денови, на пејачката од голема помош ѝ биле внуката и внукот, кои не се одвојувале од својата баба.

Бекута не сакала ниту да слушне некој од нејзините настапи да биде откажан, поради што со гипс на раката патувала и пеела низ цела Европа.

Таа била видена без гипс за првпат во март на концертот на Лепа Брена во загрепската Арена.

Меѓутоа, иако сите мислеле дека пејачката целосно се опоравила, Бекута повторно сè почесто појавува со лонгета на раката. Повредата што ја претрпе во јануари очигледно ѝ создава многу проблеми, а проблемот не е решен ниту по шест месеци.

А, за самата повреда Ана не сакала да зборува за медиумите.

– Мала несреќа, се случува – кратко коментирала таа во една пригода.

Сепак, овој здравствен проблем не ја спречил да ужива на роденденската забава на Бранка Соврлиќ, на која присуствувала и нејзината колешка Марта Савиќ.

 

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....