5.8 C
Скопје
21:24 - 10 март, 2026

АБРАМОВИЧ ВО КРИЗА: Ги моли моќните пријатели да му позајмат по милион долари

Рускиот олигарх Роман Абрамович бара од своите пријатели од Холивуд и американските моќници да му позајмат по милион долари.

Откако се спроведоа санкциите од Западот за руските олигарски, по почетокот на војната во Украина, познатиот бизнисмен Роман Абрамович се нашол во финансиски проблеми, а целиот имот (и финансии) му се замрзнати.

Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, чии банкарски сметки се замрзнати во САД и Обединетото Кралство, очајно бара од своите моќни пријатели заеми за да плати 750.000 долари неделно, дознава Пејџ Сикс.

Трошоците вклучуваат и одржување на неговите луксузни суперјахти.

Сепак, иако Абрамович, кој беше домаќин на познати личности на своите јахти и на имотот на Сент Барт, има многу пријатели во Холивуд, Волстрит и светот на технологијата, пријателите се сега претпазливи кога станува збор за позајмување пари на рускиот олигарх, пренесува Јутарњи лист.

„Роман бара од своите најблиски пријатели да му позајмат по милион долари. Тој вели дека никогаш не пропуштил да му исплати плата на својот персонал, што е околу 750.000 долари неделно. И додека неговиот имот е замрзнат, тој не може да ги плати својот луѓе“, вели извор близок до Абрамович за Пејџ сикс.

„Меѓу другите, тој стапил во контакт со холивудскиот продуцент и режисер Брет Ратнер, како и со семејството Ротшилд и ги замолил да му позајмат пари, бидејќи се добри пријатели. Но, тие не се согласиле бидејќи, или ја немаат таа сума во готово, или не им се познати последиците со кои би можеле самите да се соочат поради позајмицата“, додава изворот.

Слични објави

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо
Се вчитува....