06:27 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Жителите на Скопје да си ги спремаат чадорите, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и понатаму натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 37 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.

Потоа за време на викендот, според Попоски, ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец.

Температурите, особено во северните предели ќе бележат тенденција на мало опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 36 степени, а УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има умерено висока вредност и ќе изнесува коефициент (6).

Услови за локална нестабилност за време на викендот ќе има и во скопскиот регион, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 30 степени. Потоа во почетокот од следната недела времето повторно ќе биде претежно стабилно и суво.

Да напоменеме дека поради силното југозападно воздушно струење, од денес кај нас во атмосферата ќе биде присутна прашина и песок од Сахара, со што и времето ќе биде релативно мачно и спарно, заклучува Попоски. 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....