Според извештајот изготвен од „УН Вомен“ (UN Women) во Северна Македонија со цел да се процени влијанието на пандемијата предизвикана од ковид-19 врз главните предизвици со кои се соочуваат жените и мажите и да се испита како оваа нова ситуација се одразува врз социоекономската состојба и егзистенција на жените и мажите, наодите посочуваат дека жените се повеќе подложни на негативни ефекти од пандемијата, особено кога станува збор за покривање на основните трошоци за живот.
Една од три жени смета дека ќе се соочи со тешкотии во покривање на основните трошоци поврзани со секојдневна егзистенција како што е храната и најосновните хигиенски производи, и една од три жени смета дека ќе ѝ биде тешко да го покрие плаќањето на киријата и сметките за комунални услуги. Дополнително, повеќе жени споредено со мажи сметаат дека доколку продолжи кризата и рестриктивните мерки тие ќе мора да побараат помош од роднини или пријатели. Жените од руралните средини се најранлива категорија меѓу испитаниците во однос на нивната финансиска состојба. Споредбата со жените во урбаната средина покажува дека руралните жени би се соочиле со повеќе тешкотии во плаќање на основните трошоци за храна и хигиенски производи, како и во пристапот до здравствени услуги.
Исто така, наодите покажуваат дека жените од рурална средина многу повеќе би се соочиле со потребата да побараат помош од роднини/пријатели или да земат кредит. Дополнително, постојат родови разлики и помеѓу испитаниците од рурална средина каде што повторно жените се многу поранливи споредено со мажите.
The post Жените се повеќе подложни на негативни ефекти од пандемијата appeared first on Слободен печат.
Жените се повеќе подложни на негативни ефекти од пандемијата was first posted on октомври 25, 2020 at 11:00 am.