Психолошките последици од пандемијата на коронавирусот ќе влијаат на луѓето на начин што ќе се родат помалку деца во блиска иднина и луѓето ќе бидат поосамени, предвидуваат експерти од САД.
Експертите прегледале 90 студии за да предвидат што го чека човештвото по пандемијата на коронавирус.
– Колку подолго трае пандемијата, толку полоши ќе бидат последиците, рече Марти Хаселтон, психолог од универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес.
Прогнозите не се ветувачки, бидејќи ќе се намали бројот на браковите, што ќе влијае на намалувањето на популацијата на одредени земји, објави „Дејли меил”.
Падот на бројот на новороденчиња ќе влијае на општеството и економијата, а со тоа ќе влијае на работните места и поддршката на постарата популација.
Експертите предвидуваат дека нееднаквата поделба во домашните обврски поради карантинот ќе доведе до поголема родова нееднаквост и ќе поттикне поголем социјален конзервативизам.
Тие нагласуваат дека на многу начини „пандемијата ќе стане глобален социјален експеримент”, а резултатите допрва треба да се видат, пишува „Дејли меил”.
The post Загрижувачко предупредување од експертите: Поради коронавирусот ќе се намали бројот на браковите и популацијата appeared first on Слободен печат.
Загрижувачко предупредување од експертите: Поради коронавирусот ќе се намали бројот на браковите и популацијата was first posted on октомври 24, 2020 at 11:40 am.