0.8 C
Скопје
06:20 - 25 декември, 2024

Загрижувачки резултати на студија: Заради коронавирусот луѓето масивно ќе заболуваат од други болести?

Во Италија, првата земја во Европа која е длабоко погодена од епидемијата на коронавирусот, е спроведена иницијална студија, за влијанието на пандемијата врз поединците, која покаажала дека 37 отсто од испитаниците имале пострауматски симптоми на стрес, 17 отсто пателе од депресивни симптоми, 20 отсто покажале сериозна анксиозност, 7 отсто несоница и 21 отсто стрес.

Истражувањето е објавено во магазинот Медриксив, а било спроведено од два универзитетити, од италијанските градови Аквила и Рим, така што истражувачите преку интернети испратиле прашалник на кој одговориле над 18.000 лица.

– Добиените резултати се она што очекувавме, забележуваме висока стапка на пореметувања, како анксиозност, депресија и несоница, рекол д-р Родолфо Роси, научен соработник од римскиот универзитет Тор Вергата и прв автор на студијата.

– Друг важен аспект на студијата се факторите на ризик. Веројатноста дека боледувате од вакви симптоми главно се однесува на жените, младите луѓе, луѓе кои изгубиле блиска личност од Ковид-19 или кои биле заразени. Исто така погодени се луѓе кои заради епидемиајта изгубиле или привремено ја запреле работата, додека оние кои премногу работат од дома се изложени на ризик од стрес или несоница.

Карантинот за лицата кои моментално имаат Ковид-19, е поврзано со симптомите на пострауматски стрес и анксиозност.

Семејство во Рим се приклучува на флеш-моб и се заблагодарува на медицинските работници од тераса / 18 март, Рим, Италија / Фото: EPA-EFE/Massimo Percossi

Резултатите се интересни, и покрај ограничувањата кои ги наметнала студијата базирана на онлајн прашалник.

Оние кои одговориле на прашањата не се репрезентативни за италијанската популација и може да се претпостави дека се спремни и дека ќе се навикнат да зборуваат за својата емоционална и психолошка состојба, што би можело да објасни зошто речиси 80 отсто од испитаниците се жени.

The post Загрижувачки резултати на студија: Заради коронавирусот луѓето масивно ќе заболуваат од други болести? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....