4.8 C
Скопје
09:25 - 22 ноември, 2024

ЗАГРЕБ: Проширувањето на ЕУ остана во сенка на коронавирусот

Лидерите на земјите членки на Европската Унија, првите луѓе на Европскиот Совет, на Европскиот Парламент и на Европската Комисија, како и шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан денеска во Загреб донесоа и прифатија заедничка Декларација во која ЕУ уште еднаш ја потврди својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан. Но во Декларацијата во ниту еден дел не се спомнува проширувањето на Унијата. Очигледно е дека пандемијата со коронавирусот го остави проширувањето на ЕУ настрана.

Сепак, на Самитот повеќе пати беше поздравена одлуката за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија, донесена на 26 март годинава.

-Како Хрватска сметаме дека крајно време беше да се донесе одлуката за Северна Македонија и Албанија, како и за новата методологија за пристапните преговори, изјави хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ надоврзувајќи се на зборовите на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен која повтори дека оваа одлука претставува “силен сигнал”.

Хрватскиот весник „Вечерњи.хр“ пишува дека македонската јавност е разочарана што во завршната фаза на декларацијата не е споменато проширувањето на ЕУ, дека на Северна Македонија не и е доделен датум за отпочнување на преговорите со ЕУ, но, како што анализира весникот, Заев сепак нема да ги загуби изборите поради ЕУ.

Во декларацијата се наведува дека ЕУ се залага за своите партнери од Западен Балкан и останува посветена на активна поддршка на нивните напори за борба против коронавирусот и за справување со последиците врз општествата и економиите. ЕУ мобилизираше пакет од над 3,3 милијарди евра во корист на земјите од Западен Балкан. Овие средства, освен за пост-пандемичкото закрепнување, се наменети за непосредна поддршка за здравствениот сектор, за потребите на социјалното и економско закрепнување на земјите од регионот.

Во Декларацијата исто така се истакнува дека пандемијата покажува дека ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно се справуваат со заедничките предизвици.

Со декларацијата земјите членки на ЕУ и на Западен Балкан прифаќаат да ја зајакнат соработката за справување со дезинформациите и другите хибридни закани, кои доаѓаат од трети страни кои сакаат да ја поткопаат европската перспектива на регионот.

 

The post ЗАГРЕБ: Проширувањето на ЕУ остана во сенка на коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....