3.8 C
Скопје
22:25 - 22 ноември, 2024

Заев: Зборуваме за резултати, за успеси, за подвизи, за преминати препреки и за многу победи

Претседателот Зоран Заев го отвори 25. Конгрес на СДСМ. Со цел заштита на јавното здравје, за прв пат ваков конгрес се одржува од далечина и преку дигитални платформи, Во своето обраќање, претседателот Заев посочи дека со овој Конгрес, СДСМ покажува одговорност во заштита на јавното здравје, а истовремено ги почитува статутарните одредби и уште повеќе се демократизира.

Во време кога ние, со целиот свет, се соочуваме со постојана борба против коронавирусот, СДСМ застанува одговорно, да направи пресек на сработеното и да ги дефинира новите стандарди, европските стандарди како задолжителни одредници и репери во своето работење. На овој Конгрес, уште повеќе се демократизираме, продолжуваме да се менуваме, ја зголемуваме отчетноста, преземаме храбри чекори и вложуваме огромен напор, за да обезбедиме најдобро за сите наши граѓани, за секој македоински граѓанијн да живее подобро, помирно, помотивирано.

Ова е првиот дигитален Конгрес на СДСМ и првиот дигитален конгрес на која било политичка партија во земјава, целосно обезбеден со електронски начин на комуникација, преку конференциски видео врски со општинските организации. Имаме обврска да се грижиме за здравјето на граѓаните, затоа највнимателно пристапуваме и успеваме да организираме Конгрес со активно учество на сите делегати, од далечина. И на овој начин, СДСМ дава пример што значи одговорност. Институциите ги водиме одговорно, но и партијата е одговорна.

Ова е отчетен Конгрес, согласно Статутот на СДСМ. Тука сме пред вас, пред делегатите кои го црпите целосниот легитимитет од сите членови на СДСМ – тука сме пред целата партија, пред сите членови и пред целиот наш народ, стоиме со крената глава, горди и достоинствени – и зборуваме за резултати, за успеси, за подвизи, за преминати препреки и за многу победи. За многу победи на граѓаните“ порача Заев.

Заев, потенцира дека 25. Конгрес е прв конгрес кој доаѓа после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија, нешто што се нема случено од 1994 година.

„Овој Конгрес доаѓа после победата на предвремените парламентарни избори на кои граѓаните повторно ни ја дадоа довербата, ни ја укажаа честа да продолжиме по вистинскиот пат. Овој Конгрес е после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија. Нешто што се случи првпат од постоењето на партијата имајќи предвид дека во 1994 година, тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ се повлече од учество на изборите во вториот изборен круг.“ заклучи Заев.

The post Заев: Зборуваме за резултати, за успеси, за подвизи, за преминати препреки и за многу победи appeared first on Слободен печат.


Заев: Зборуваме за резултати, за успеси, за подвизи, за преминати препреки и за многу победи was first posted on октомври 25, 2020 at 2:39 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....