-0.2 C
Скопје
08:50 - 25 ноември, 2024

Заев: СДСМ е одговорна партија, избори да има на 15 јули

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев предмалку соопшти дека СДСМ ќе го прифати 15 јули како датум за избори.

– Одговорност е да направиш се, да обезбедиш институции кои нормално ќе функционираат. Ни треба активно собрание, ни треба целосно функционална политичка влада, пред се на граѓаните, а потоа и на власта и опозицијата. Само на тој начин есента ќе ја дочекаме спремни. Поголема криза од оваа не можеме да издржиме со техничка влада и без Парламент. Свесен сум дека на сите ни е преку глава од политички игри. Се знае кој во минатото бил најодговорен пред народот и државата. За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како последен датум за избори. Денеска повторно разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули. Изборите ќе бидат во среда, кој ќе биде неработен ден. Очекувам Мицкоски јавно да прифати дека тој и неговата партија ќе учествуваат на избори на 15 јули. Следен чекор е да побараме од претседателот Стево Пендаровски да прогласи нова вонредна состојба. Овој пат барањето за вонредна ќе биде само заради усогласувањето на 15 јули како конечен датум за избори. И тоа е фер граѓаните да го знаат, ќе се бара Вонредна заради избори, бидејќи истата не е потребна заради економските мерки – тие се веќе во полна реализација. ВМРО-ДПМНЕ е на потег, да излезе пред народот и да се соочи со потребата од одговорно однесување. Натаму одлучуваат граѓаните, тие ќе кажат кој ќе се справува со Ковид на есен. СДСМ е одговорна власт која после 15 јули ќе продолжи да ја води државата на исправниот пат, уште подобро. Тоа го знаеме и го можеме – рече Заев и додаде дека изборниот молк ќе настапи на 12 јули.

Една од промените е бидејќи 15 јули е среда, а не недела. Ќе се гласа и на 13 и 14 јули (понеделник и вторник) кога своето право на глас ќе може да го остварат болните и изнемоштените, лицата кои се позитивни на ковид-19, како и оние кои се во самоизолација. Молкот, пак, ќе настапи на 12 јули, недела на полноќ.

Периодот за гласање на 15 јули, рече Заев, ќе биде зголемен, па наместо од 7 до 19 часот, би се гласало два часа подолго односно од 7 до 21 часот.

Двајцата лидери се договориле да го информираат претседателот Стево Пендаровски кој, пак, понатаму треба да ги извести останатите политички партии. Заев и Мицкоски ќе ги известат членовите на ДИК од нивните партии за да седнат, рече лидерот на СДСМ, и да ги усогласат сите протоколи.

 

The post Заев: СДСМ е одговорна партија, избори да има на 15 јули appeared first on Слободен печат.


Заев: СДСМ е одговорна партија, избори да има на 15 јули was first posted on јуни 15, 2020 at 3:11 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....