-1.2 C
Скопје
00:12 - 20 декември, 2024

Во ,,8 Септември” четворица симнати од респиратор, а петмина од контролирана вентилација

Во градската општа болница ,,8 Септември” од почетокот на пандемијата до сега, симнати од респиратор се четворица пациенти со тешки компликации од коронавирусот, дознава ,,Слободен печат од свои доброупатени извори од болницата. Петмина пациенти пак, биле екстубирани од таканаречена ,,СИПАП” маска, односно контролирана вентилација.

Ноќеска во болницата биле примени деветмина пациенти, со тешки пневмонии. Утринава ќе бидат испишани десетмина кои ќе треба лекувањето да го продолжат во домашни услови. Во Ковид центарот, како што дознаваме од официјални извори на болницата, изминатото деноноќие починале двајца пациенти, на возраст од 65 и 70 години.

Директорот на болницата, доктор Кристијан Костов за ,,Слободен печат” изјави дека дел од персоналот на болницата кој беше заболен од коронавирусот е повторно на работните места по два негативни резултати.

-Добри сме со персоналот, повеќето оздравеа и се вратија на работа. Имаме и помош од шестмина специјалисти од повеќе градови кои дојдоа да ни помогнат. Имаме и двајца нови анестезиолози кои дојдоа од Клиника, за да ги заменат колегите што заминаа во приватното здравство.

Запрашан за возраста на пациентите кои се примаат во ,,8 Септември”, директорот рече дека има и млади и повозрасни пациенти што се хоспитализирани.-Вчера примивме 42 годишен пациент со сатурација 30, многу ниска. Се лекувал дома. Му дадовме ударни дози терапии и се надеваме дека ќе делуваат. Имаме и пациенти што се млади, на 37 годишна возраст со цитокинска бура, на 28 годишна возраст. Тие се будни и дишат преку кислородна поддршка. Моментално потврдени позитивни во болницата имаме 110, објасни доктор Костов.

The post Во ,,8 Септември” четворица симнати од респиратор, а петмина од контролирана вентилација appeared first on Слободен печат.


Во ,,8 Септември” четворица симнати од респиратор, а петмина од контролирана вентилација was first posted on јули 10, 2020 at 11:29 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....