2.8 C
Скопје
19:18 - 23 декември, 2024

ВИДЕО: Осумдесет милиони денари од Владата за обесштетување на граѓаните погодени од невремето лани во Долна Преспа

Од Буџетот на Република Северна Македонија, трансферирани се скоро 80 милиони денари на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.

Нагласи дека Општина Ресен, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните.

-Во знак на благодарност поради залагањата на премиерот на Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната средба му доделив плакета „Преспански јаболкобер 2020″, истакна Гошаревски.

Градоначалникот на Ресен додаде дека оваа мерка на Владата претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа

Извор:МИА

The post ВИДЕО: Осумдесет милиони денари од Владата за обесштетување на граѓаните погодени од невремето лани во Долна Преспа appeared first on Слободен печат.


ВИДЕО: Осумдесет милиони денари од Владата за обесштетување на граѓаните погодени од невремето лани во Долна Преспа was first posted on октомври 25, 2020 at 12:06 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....