Светот неодамна беше изненаден од снимката на која севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун заплака пред насобраните луѓе на воената парада.
Тој заплака додека говореше за напорите да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот во Северна Кореја. Сепак, иако делуваше ранливо, тоја на воената парада покажа моќно ново оружје.
Сепак ова не е првпат, овој лидер да покаже емоции во јавноста. Плачеше и на погребот на својот татко, Ким Џонг Ун, што секако е разбирлив момент.
Но тој не е единствениот светски лидер кој заплакал во јавност. Имало емотивни моменти но некогаш тоа било и за собирање на политички поени, па одредени светски лидери повеќе пати се снимени со солзи во очите.
Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир Путин, кој држи до својот имиџ на мачо тип кој со цврста рака управува со Русија веќе 20 години, повеќе пати ја покажа својата помека страна.
Додека стоеше и ја слушаше руската химна при посетата на Монголија во 2014 година, тој ја подигна главата и со рака ја избриша солзата од окото, додека од липање му се тресеше вилицата.
The post ВИДЕО: И претседателите плачат јавно: Еве во кои моменти Путин, Обама, Буш, Берлускони … пуштија солзи appeared first on Слободен печат.
ВИДЕО: И претседателите плачат јавно: Еве во кои моменти Путин, Обама, Буш, Берлускони … пуштија солзи was first posted on октомври 24, 2020 at 10:12 pm.