Американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша извршната наредба со која се прекинува специјалниот третман на Хонг Конг, откако Кина го донесе новиот контроверзен Закон за национална безбедност, пренесува Би-Би-Си.
-Хонг Конг сега ќе биде третиран исто како и континенталниот дел на Кина, рече Трамп.
Покрај тоа, тој го потпиша и Законот за воведување санкции за кинеските службеници кои ги прекршуваат правата во Хонгконг, а Кина на ова порача дека соодветно ќе одговори.
Хонгконг досега уживаше во уникатната слобода што не се гледаше во Кина, но многу граѓани стравуваат дека новиот закон за безбедност, што беше наметнат од Пекинг, ќе ја поткопа оваа слобода.
Трамп додаде дека неговата извршна наредба ќе стави крај на повластениот третман за Хонгконг.
-Нема посебни придобивки, нема посебен економски третман и нема извоз на специјални технологии, вели Трамп, кој уште во мај за првпат го најави ваков чекор.
Тој, исто така, им рече на новинарите дека го потпишал Законот за автономијата на Хонгконг, што американскиот Конгрес едногласно го донесе претходно оваа недела.
-Овој закон на мојата администрација и дава моќни нови алатки за одговорно работење на поединците и субјектите вклучени во гасењето на слободата на Хонгконг, рече Трамп на прес-конференција, додавајќи дека тој не планира да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг.
The post Трамп го укина посебниот статус на Хонгконг appeared first on Слободен печат.
Трамп го укина посебниот статус на Хонгконг was first posted on јули 15, 2020 at 8:30 am.