3.8 C
Скопје
04:38 - 21 декември, 2024

Телефонски разговор Заев – Столтенберг: Остануваме псоветени на демократските реформи и евроатланската ориентација

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во телефоонски разговор му упати честитки на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев за победата на предвремените парламентарни избори и изрази задоволство што во Република Северна Македонија е реизбрано политичкото раководство кое со своите храбри и исправни политики ја внесе земјата во НАТО, како 30-та земја членка, соопшти Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Како што се наведува во соопштението, соговорниците се согласиле дека со ова е потврдена определбата на земјава, како членка на НАТО, да го продолжи реформскиот пат кој значи напредок, развој и стабилност.

„Особено е важно, нагласи Столтенберг, што тоа се случи по решавањето на големи проблеми на меѓународен план и по спроведувањето на значајни реформи дома, што го потврдува демократскиот капацитет на македонскиот народ“, се додава во соопштението.

Заев од своја страна изразил благодарност за честитките и нагласил дека на овие избори се покажало оти граѓаните ја поддржаа посветеноста и исправниот реформски курс на Владата предводена од СДСМ.

Тој нагласил и дека Северна Македонија цврсто останува посветена на демократските реформи и евроатланската ориентација.

„Двајцата соговорници се согласија дека имавме достоинствени, фер и демократски избори, како што доликува на земја членка на НАТО и на земја што почнува преговори за полноправно членство во Европската Унија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Заев во разговорот истакнал и дека новата влада, предводена од СДСМ, со уште поголемо темпо ќе продолжи посветено да работи, особено на полето на економски напредок, на реформи во правосудниот систем, како и на политики кои ќе донесат развој и подобар живот за сите граѓани.

„Генералниот секретар на НАТО Столтенберг порача  дека и во идниот период ќе продолжи соработката меѓу НАТО и Северна Македонија како членка на НАТО, но и соработката и поддршката во однос на надминување на сите предизвици со кои се соочуваме“, информира СДСМ.

Столтенбнерг се интересирал и за состојбата со ситуацијата со Ковид-19 и нагласил дека „НАТО е тука за да помогне, секогаш кога тоа ќе биде потребно”.

„Претседателот Заев изрази благодарност за поддршката и нагласи дека во однос на коронавирусот земјата реагираше брзо и навремено и не дозволи да се оптовари здравствениот систем, како што тоа се случи во некои други земји“, се додава во соопштението.

The post Телефонски разговор Заев – Столтенберг: Остануваме псоветени на демократските реформи и евроатланската ориентација appeared first on Слободен печат.


Телефонски разговор Заев – Столтенберг: Остануваме псоветени на демократските реформи и евроатланската ориентација was first posted on јули 26, 2020 at 6:59 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....