Светската здравствена организација (СЗО) ја продолжи за уште три месеци состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата на коронавирусот, соопштено е после седницата на комисијата за итни прашања на СЗО.
Во соопштението се истакнува дека е донесена едногласна одлука за продолжување на состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата на коронавирусот, која го загрозува јавното здравје низ целата планета.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ја прифати препораката на комитетот и ова тело најави нова проценка на состојбата за три месеци.
– Пандемија го зафаќа човештвото еднаш во 100 години, а нејзините ефекти ќе бидат почувствувани во децениите што следуваат, истакна Гебрејесус.
The post СЗО го продолжи времетраењето на глобалната подготвеност поради пандемија appeared first on Слободен печат.
СЗО го продолжи времетраењето на глобалната подготвеност поради пандемија was first posted on август 2, 2020 at 9:19 am.