20:09 - 2 април, 2026

ПОЧИНАЛА ПO ЕСТЕТСКА ОПЕРАЦИЈА: Докторот ќе биде обвинет за обид за убиство

Семејството го обвинува докторот за нејзината смрт, сопругот тврди дека тој бил ПИЈАН И ДРОГИРАН!

Јасмина Флорес (31) почина во неделата, откако беше подложена на естетска операција кај докторот Роберт Лопез. Требаше да изврши липосукција врз неа, а сега семејството на младата жена го обвинува дека е одговорен за нејзината смрт бидејќи, според наводите, работел под дејство на алкохол и психоактивни супстанции, пренесува аргентинскиот портал Минуто уно.

Сопругот на Јасмина, Лукас Гонзалес, вели дека има сведок кој го видел Лопез „пијан и дрогиран“, а кој е подготвен да сведочи.

Неговата сопруга, од друга страна, не е единствената жртва, бидејќи друга жена, исто така, починала откако била подложена на истата постапка кај овој лекар.

Фото: Интаграм

Јасмина сакаше да направи липосукција по бременоста и тежината што ја имаше накачено, го најде д -р Лопез преку препораки и го контактираше преку Инстаграм.

Операцијата е извршена во вторникот, 20 април, во приватна клиника во Буенос Аирес. Во првите денови по операцијата, таа се чувствуваше добро, но по една недела, чувствуваше постојана болка. И покрај фактот дека хирургот ја отпушти, болката не престана.

– Во вторникот, 27 април, се разболе, не можеше да дише и не знаев што да правам- изјави сопругот на Јасмина со кого има четиригодишен син и додаде:

– Се јавив кај хирургот кој ја оперираше, но тој рече дека е зафатен и ми предложи да ја однесеме во болница. Ја однесов, но и покрај напорите на лекарите, тие не можеа да ја спасат. Причина за смртта е белодробна тромбоза – изјави Лукас Гонзалес, кој смета дека хирургот „ја убил неговата сопруга и дека треба да одговара за тоа“.

Семејството бара правда и ќе ги преземе сите законски мерки против пластичниот хирург Роберт Лопез. Моментално ги собираат сите докази, и ќе го обвинат за обид за убиство.

Слични објави

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо
Се вчитува....