Епидемијата на коронавирус значајно ќе влијае врз глобалната трговија, предупреди првиот човек на Светската трговска организација (СТО) Роберто Азеведо, предвидувајќи ги првите конкретни показатели во следните недели.
-Последиците во глобалната економија веројатно ќе бидат значајни и ќе почнат да се покажуваат во трговските податоци во следните недели- рече Азаведо пред амбасадорите собрани на затворена средба во Женева.
Меѓу темите бил и јунскиот состанок во Казахстан, на кој министрите од земјите членки на СТО, меѓу другото, ќе се обидат да постигнат договор за субвенционирање во земјоделието, интернет трговијата и рибарството.
-Што се однесува до МЦ-12, се држиме до планот. Доколку ситуцијатара побара, ќе ги преземеме сите потребни мерки- рече Азаведо.
На средбата во Казахстан треба да присуствуваат неколку илјади лица, напоменуваат британските медиуми.
Успешниот исход од јулскиот самит на СТО се смета за клучен за легитимитетот и релевантноста на оваа глобална организација, чиј систем на арбитража во трговските спорови во моментов е парализиран бидејќи САД го блокираше именувањето на двајца нови судии.
The post СТО: Коронавирусот значајно ќе влијае врз глобалната трговија appeared first on Слободен печат.