7.8 C
Скопје
10:04 - 1 април, 2026

Стајлс, Дуа Липа и манекенката Кара се најбогатите млади Британци – Хари заработил 116 милиони фунти

На прво место на британската листа на најбогати познати личности, помлади од 30 години е  музичарот Хари Стајлс.

На ова место претходно беше Ед Ширан, но беше тргнат од листата откако наполнил 30 година, пишува магазинот „Heat“, креатор на листата.

28-годишниот пејач, текстописец и актер го имаше своето деби на годишната листа на магазинот во 2016 година, а сега ја проби бариерата од 100 милиони фунти со заработувачка од 116 милиони фунти.

Хари го стекнал своето богатство преку својата музичка кариера и последниот, многу успешен албум, „Harry’s House“, на кој се наоѓа хитот „As It Was“ кој беше цели два месеца на врвот на британските музички топ листи.

На второто место на оваа популарна листата е пејачката Дуа Липа со заработка од 69,1 милиони фунти. Само од албумот „Future Nostalgia“ и светската турнеја оваа година Липа има заработувачка од  35 милиони фунти за само 2 месеци.

Манекенката Кара Делевињ се најде на трето место на најбогати со заработка од 63,8 милиони фунти кои ги заработила од соработката со компаниите „Burberry“, „Rimmel“, „Chanel“ и „Puma“.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....