-2.2 C
Скопје
07:09 - 23 декември, 2024

Србија: Собранието ја изгласа новата Влада на Ана Брнабиќ

Со 227 гласа „за” и пет „против”, пратениците во Собранието на Србија ја изгласаа новата Влада. Немаше воздржани, а 16 пратеници беа отсутни, јави дописникот на МИА од Белград.

Мандатарот на новата српска Влада, Ана Брнабиќ во експозето со планот за работа на Владата и идните министри денеска посочи дека новата Влада на Србија ќе биде влада на континуитет со владите од 2014 и 2017 година.

Брнабиќ посочи дека Владата ќе има шест цели – борба против коронавирусот и зајакнување на здравјето, зачувување на виталните интереси на Србите на Косово, борба против организираниот криминал, зачувување на независноста на Србија и самостојно носење одлуки, владеењето на правото и забрзување на реформите на европскиот пат и понатамошно економско зајакнување на Србија.

Дискусијата за избор на владата беше обележана со полемика на владејачкото мнозинство со пратеникот Шаип Камбери, кој рече дека оваа влада, како и претходната, нема да стори ништо за интеграција на Албанците кои живеат на југот на Србија.

Поради бојкот на парламентарните избори од опозицијата, во Собранието од 250 пратеници, 118 пратенци се од редот на владејачката Српска напредна странка (СНС), додека останатите пратеници се од коалициските партнери на СНС-како Социјалистичката партија на Србија (СПС), Спас и малцинските партии.

Новата Влада на Србија, предводена од Ана Брнабиќ, ќе има 21 ресор и две министерства без портфељ.

Министерските позиции во Владата на Србија се: вицепремиерите Бранко Ружиќ (прв вицепремиер), Бранислав Недимовиќ, Зорана Михајловиќ, Небојша Стефановиќ и Маја Гојковиќ, и министрите без ресор Ненад Поповиќ и Новица Тончев.

Министер за надворешни работи е Никола Селаковиќ, министер за внатрешни работи Александар Вулин, министер за одбрана Небојша Стефановиќ, министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ, министер за финансии Синиша Мали, министер за здравство Златибор Лончар и Татјана Матиќ за министер за трговија, туризам и телекомуникации.

Маја Гојковиќ е министер за култура и информации, Томислав Момировиќ е министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ е министер за труд, вработување и социјални работи, Ратко Дмитровиќ е министер за семејство и демографија, Анѓелка Атанасковиќ е министер за економија, а Банко Ружиќ е министер за образование.

Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство предложен е Бранислав Недимовиќ, министер за правда Маја Поповиќ, министер за европска интеграција Јадранка Јоксимовиќ, министер за заштита на животната средина Ирена Вујовиќ, министер за државна администрација и локална самоуправа Марија Обрадовиќ.

Министерството за грижа на селата ќе биде предводено од Милан Кркобабиќ, Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог од Гордана Чомиќ и Министерството за спорт и млади Вања Удовичиќ.

The post Србија: Собранието ја изгласа новата Влада на Ана Брнабиќ appeared first on Слободен печат.


Србија: Собранието ја изгласа новата Влада на Ана Брнабиќ was first posted on октомври 28, 2020 at 9:04 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....