12:10 - 5 декември, 2025

Здравјето на Шумахер е најдобро чувана тајна

Посети на легендарниот формула 1 возач им се дозволени само на лекарите, најблиските роднини и мал број на пријатели.

Поминаа речиси седум години откако Михаел Шумагер доживеа тешки повреди на главата додека скијаше на Алпите.

Кацигата му го спаси животот, но оттогаш речиси никој не ја знае неговата вистинска здравствена состојба. Се знае дека беше во индуцирана кома, дека е опериран неколку пати, а семејството добро ги крие информациите за неговата состојба и дозволува посета на ограничен број на лица. Посети на легендарниот формула 1 возач им се дозволени само на лекарите, најблиските роднини и мал број на пријатели.

Еден од ретките личности кои можат да го посетат Шумахер е неговиот пријател и претседател на Светската автомобилистичка федерација, Жан Тод, кој ретко зборува за неговата состојба, но секоја реченица им влева надеж на фановите дека легендарниот возач ќе се опорави.

– Јас сум многу дискретен по ова прашање, но… Михаел имаше тешка несреќа која остави длабоки последици по него. Од тогап тој се лекува на начин за еден ден да се врати во нормален живот – изјави Тод за француските медиуми.

За здравствената состојба зборува и Рос Браун, човекот кој стои зад титулите кои Шумахер ги освои во Формула 1. Браун беше технички директор во Ферари кога Шумахер пет пати ја освојуваше титулата.

– Никој од нас не знае колку Михаел ги разбира актуелните работи. Ајде да се молиме еден ден повторно да биде дел од Ф1. Очигледно е дека сега во Ф1 ќе биде поинтересно од наредната сезона бидејќи тука ќе биде Мик Шумахер, имам голема верба во него…

Слични објави

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо
Се вчитува....