10.8 C
Скопје
17:43 - 24 февруари, 2026

Се зголемува бројот на осомничени за смртта на Марадона, и психијатарот на распит

Истрагата за смртта на Диего Марадона продолжува откако полицијата изврши претрес и во канцеларијата и домот на психијатарот кој се грижеше за легендарниот фудбалер.

Психијатарот Агустина Косачов е последниот осомничен во истрагата за смртта на Марадона поради лекарска негрижа.

По налог на јавен обвинител, полицијата влезе во станот кој Косачов го користела за консултации во Буенос Аирес, додека друга група на полицајци го претресла нејзиниот дом.

– Обвинителот ми рече дека го истражува нејзиното однесување како лекар – изјави психијатарот Вадим Мисчанчук кој напомена дека тоа се рутински мерки во случај на испитување на смрт на пациент и тоа се прави поради утврдување на неговата историја на болеста.

Агустина Косачов беше дел од медицинскиот тим кој се грижеше за здравјето на Диего Марадона откако легендарниот фудбалер на 2 ноември беше опериран поради хематом во мозокот.

Диего Марадона почина минатата среда од срцев удар во својот дом додека се опоравуваше од операцијата.

Истражителите утврдија дека во случајот немало никакво насилство, но обвинителот покрена истрага за можна лекарска негрижа и пропусти кои донесе до смртта на Марадона.

Полицијата исто така го испитува и неврохирургот Леополд Луке кој му беше личен лекар на Марадона, а беше дел и од тимот кој ја изврши операцијата на мозокот.

Полицијата во неделата го претресе неговиот дом и канцеларија и ги одзеде медицинските белешки, како и компјутерите, хард дисковите и мобилните телефони.

– Диего не ги сакаше лекарите, поточно тој ги мразеше. Ги мразеше психолозите, ги мразеше сите кои се грижат за здравјето. На него му беше потребна помош, но немаше начин како да се допре до него, тој сам одлучуваше за своето здравје. За што сум одговорен? Сите работевме најдобро што можеме – изјави Луке.

Слични објави

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо
Се вчитува....