6.8 C
Скопје
05:46 - 31 март, 2026

Писмото на Пеле за Марадона: Те сакам Диего, еден ден на небото ќе играме во ист тим

Легендарниот бразилски фудбалер, Едсон Арантес до Насименто Пеле, напиша емотивно писмо посветено на Диего Марадона, седум дена по смртта на аргетинскиот волшебник со топката. Насловот на писмото е „Те сакам, Диего“.

„Денеска поминаа седум дена откако си замина. Многу луѓе целиот живот сакаа да не споредуваат. Беше гениј кој го маѓепса светот, волшебник со топката во нозете. Вистинска легенда. Но, пред се, за мене секогаш ќе бидеш одличен пријател со уште поголемо срце.

Денеска знам дека светот би бил многу подобар кога би можеле помалку да се споредуваме и да почнеме повеќе да се воодушевуваме. Сакам да кажам дека си неспоредлив.

Твојот пат го одбележа искреност, и на свој единствен и посебен начин не научи дека мораме многу почесто да сакаме и да кажуваме „те сакам“.
Твоето брзо заминување не ми дозволи лично да ти кажам, па едноставно ќе ти напишам: Те сакам, Диего.

Ти благодарам многу за нашето патување мој голем пријателу. Еден ден, на небото ќе играме во ист тим. И тоа ќе биде прв пат триумфално да ги кренам рацете во воздух, а причината да не биде прослава на гол. Тоа ќе биде оти конечно повторно ќе можам да те прегрнам“, напиша Пеле.

EPA/Canal Trece/HO

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....