9.8 C
Скопје
16:43 - 28 ноември, 2024

Спасовски: Доколку опозицијата ги бојкотира изборите, многу е морално пред јавноста да ги напуштат институциите (ВИДЕО)

Сите одлуки во делот на справувањето со здравствената и економската криза, Владата ги носеше врз база на експертските мислења, институциите покажаа дека можат да ја преземат контролата но важно е да се почитуваат мерките, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски во денешното издание на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Институциите ја држат ситуацијата под контрола, но сепак секој поединец има одговорност во справување со пандемијата.

-Во здравствената криза, пред се, бевме исклучиво потпрени на мислењето на Комисијата за заразни болести. Мислам дека институциите покажаа дека се справуваат добро, дека ја држат под контрола ситуацијата. Секако дека има различни мислења и кај граѓаните и кај опозицијата. Јас не ги знам интересите наместо да му се помогне на здравствениот систем, тој да се руши, но тоа е друга тема…Во сите околности постојат луѓе кои не ги почитуваат здравствените мерки и затоа имаме голем број на санкции. Институциите продолжуваат кон функционирање кое значи успешно справување на оваа криза, но секој од нас треба да се однесува одговорно и да придонесе кон релаксирање на кризата. Сите анализи укажуваат дека би требало да имаме намалување на тенденцијата на новозаразени. Но тоа не значи дека не треба да не се почитуваат здравствените мерки за хигиена и дистанца, рече Спасовски меѓу другото.

Актуелниот премиер одговараше на неколку прашања, пред се поврзани со блиската иднина и изборниот процес, потенцирајќи дека Уставот предвидува изборите да бидат на 5 јули.

-Владата ја има таа јасна позиција, согласно Уредбата, Уставот и законите, денот на избори е 5 јули. Лидерите имаа време да разговараат за изборниот процес и реков дека до оној момент кога политичките лидери не можат тоа да го сторат, институциите на системот мора да ја преземат одговорноста. Неодговорно е во време на здравствена и економска криза државата да биде оставена со нефункционални институции и без Собрание за контрола на извршната власт, рече Спасовски.

Според него, изборите мора да се спроведат како што е пропишано во Уставот и законите со учество на сите партии за целосен легитимен и регуларен изборен процес.

-Ако изборниот процес заврши како што е предвидено според Уставот, 22 дена по завршување на вонредната состојба, тоа не остава простор за своеволно толкување на Уставот и постапување по политички договори. Каква држава би биле ние ако наместо почитување на законот се оди на почитување нечија политичка волја. Добро е да имаме консензус за учество во политичкиот процес. Разговаравме во партијата, за сите нас е важно да се оди на избори со сите политички структури и на тој начин да се добие легитимитет. СДСМ како одговорна политичка партија досега покажа дека има јасни политички ставови, дека не отстапува, туку реализира… Не го разбирам Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ кога би сакал да има избори?! Се навикнавме дека опозицијата нема став за ниту едно клучно прашање. Но мораме да имаме висока свест во рамките на оваа здравствена и економска криза, се со цел да ги комплетираме институциите и да продолжи интересот за справување со Ковид 19, економската криза, евроинтегративниот пат и слично,, рече Спасовски.

Воедно тој потенцираше дека сите оние уредби за кои е предвидено дека завршуваат со вонредната состојба – завршуваат, а сите оние кои имаат важење и по вонредната состојба, ќе останат на сила.

Спасовски ја коментираше и соработката внатре во Владата со кадрите на опозицијата, каде што посочи дека се соочуваат со проблеми.

-Соработката во Владата треба да биде на ниво на остварувањето на интересите на сите граѓани. Е сега, имавме состојби во кои партиските интереси на Чулев и на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаа до израз. Не само во делот на нефункционирањето на МВР при спроведување на мерките донесени од Владата, туку и непотпишувањето на договорот со Светска банка од дополнителниот заменик министер, кој директно оневозможи финансиски средства за здравствениот систем и социјалните случаи во Северна Македонија. Ова покажува дека нашата опозиција сака да гради политики врз грбот на граѓаните, обвини тој.

Според него, кога ќе се одлучат и дали ќе одат на избори ВМРО ДПМНЕ зависи од нив, но вели, Владата која ја предводи тој, го надмина својот мандат.

-Доколку опозицијата ги бојкотира изборите, многу е морално пред јавноста да ги напуштат институциите. Од една страна, да не сакате да одите на избори, од друга страна да останете во системот носејќи функции, да правите штета на државата е крајно неодговорно, потенцираше Спасовски.

 

The post Спасовски: Доколку опозицијата ги бојкотира изборите, многу е морално пред јавноста да ги напуштат институциите (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Спасовски: Доколку опозицијата ги бојкотира изборите, многу е морално пред јавноста да ги напуштат институциите (ВИДЕО) was first posted on јуни 15, 2020 at 10:26 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....