5.8 C
Скопје
16:26 - 22 декември, 2024

Сопругата на убиениот Афроамериканец Брукс: Мојата фамилија е уништена и никаква правда нема да го врати (ФОТО+ВИДЕО)

Сопругата на Рајшард Брукс, Афроамериканецот кого полицијата во Атланта го уби при апсењето пред неколку дена, порачала дека нејзината фамилија е уништена и дека никаква правда не може да го поправи тоа. Ова е уште една уништена црнечка фамилија, рекла Томика Милер, мајка на четири деца.

Полицијата во петокот вечерта излегла на терен бидејќи добила пријава дека пред еден ресторан маж спие во возилото кое било паркирано на преминот. Откако паднал на алко-тестот, полицијата сакала да го приведе, а тој според податоците од истрагата, се противел на апсењето, пренесува РТС.

Во тој момент еден полицаец извадил зашеметувач, но мажот, подоцна идентификуван како 27-годишниот Рајшард Брукс го одземал. Тогаш полицајците пукале во Брукс.

Рајшард Брукс / EPA-EFE/STEWART TRIAL ATTORNEYS HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Томика Милер така останал без својот сопруг, а во Атланта граѓаните излегоа на улиците барајќи правда.

Милер вели дека никаква правда нема да ја излечи нејзината фамилија, бидејќи останале без грижлив татко и сопруг. За неговата смрт, таа дознала во саботата изутрина кога ја разбудиле агенти кои ја спроведуваат истрагата.

– Не можев да верувам. Не очекував дека ќе се разбудам и дека мојот сопруг веќе никогаш нема да се врати дома, рекла таа.

Зошто Брукс почнал да бега?

На снимките од камерите се гледа како Брукс трча по паркингот а полицајците го бркаат. Во еден момент Брукс наводно го искористил зашеметувачот кој го одземал. Во тој момент полицаецот го извадил пиштолот и пукал. Обдукцијата покажала дека два пати бил застрелан во грбот.

Томика Милер е уверена дека Брукс само сакал да си оди дома.

– Ја сакаше својата фамилија, сакаше да биде дома со нас. Имаше работи кои требаше да ги заврши. Можам само да замислам што размислувал, рекла Милер.

Рајшард Брукс со фамилијата / EPA-EFE/STEWART TRIAL ATTORNEYS HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

– Мојата ќерка знае дека татко и нема да се врати. Мојот син знае дека неговиот очув нема да се врати, но младите деца чувствуваат дека тој не се појавува кога го повикуваат со „тато, тато, тато“, рекла Томика Милер.

Милер, која сега е самохрана мајка, вели дека се чувствува како статистичка бројка.

– Сега сама се грижам за нашите четири деца. Ова не беше мој избор, наметнато ми е кога ми го одземаа сопругот. Тоа ја уништи мојата фамилија и никаква правда нема да го врати. Уште една црнечка фамилија е уништена, заклучила Томика Милер.

The post Сопругата на убиениот Афроамериканец Брукс: Мојата фамилија е уништена и никаква правда нема да го врати (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Сопругата на убиениот Афроамериканец Брукс: Мојата фамилија е уништена и никаква правда нема да го врати (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on јуни 16, 2020 at 10:02 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....