Со 116 гласови „ЗА“ и ниту еден против и воздржан, Собранието ги верификуваше мандатите на 120 пратеници.
Спикерот Талат Џафери рече дека конститутивната седница ќе продолжи со работа по останатите две точки, откако ќе се создадат услови за тоа. Претходно претседателката на Комисијата за верификација на мандатите, Јагода Шехпаска рече дека врз основа на извештајот на ДИК, Комисијата заклучи дека нема основ за оспорување на ниту еден мандат на 120 пратеници врз основа на изнесеното согласно чл. 13 од собранискиот Деловник.
Верификационата комисија претходно на седница го разгледа извештајот на ДИК за спроведените предвремени парламентарни избори, одржани 2020 година. Tретата точка од денешната собраниска седница е избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и четвртата точка, избор на претседател на Собранието.
Дваесет и тригодишната студентка Артина Ќазими е најмладата народна избраничка
Апасиев од Левица гласаше воздржано за дневниот ред на конститутивната седница
The post Собранието ги верификуваше мандатите со 116 гласови „ЗА“, без против и воздржани appeared first on Слободен печат.
Собранието ги верификуваше мандатите со 116 гласови „ЗА“, без против и воздржани was first posted on август 4, 2020 at 2:21 pm.