2.8 C
Скопје
18:31 - 23 декември, 2024

Со клуч на собраниската врата, кој ќе ја контролира врз власта!?

Спротивставуањето на ВМРО-ДПМНЕ Собранието да премине на он лајн работа е политичко, а не од здравствен или пак, технички карактер, сметаат експертите кои ги консултираше Слободен печат. Предупредуваат дека во време на криза, најважно е Собранието да не биде „затворено“, особено не во кризни ситуациии како оваа предизвикана од коронавирусот, бидејќи потребна е контрола на власта.
Според Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка, во моментов многу е лесно Собранието да се блокира, бидејќи народните избраници не се имуни на коронавирусот, има тенко парламентарно мнозинство и поради намерата на ВМРО-ДПМНЕ да го спречи собранието да функционира он лајн.
– Повикувајќи се на Уставот и собранискиот Деловник ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја блокира работата на Собранието. Сметам дека опозицијата погрешно го толкува Уставот, бидејќи тоа што не е забрането со Устав, значи дека е дозволено. Никаде не пишува дека Собранието без присуство на пратениците не смее да работи, ниту пак, дека он лајн Собрание не може да има. Очигледно дека состојбата со тенкото мнозинство, кое се ситни со заболување на пратеници од коронавирусот, опозицијата го користи како механизм за политичка борба, оправдувајќи ја со Уставот, вели Кржаловски.
Влора Речица од Институтот за демократија смета дека Собранието треба да биде дигитализирано и да работи он лајн поради повеќе причини.
Државата во кризни моменти не смее да остане без законодавно и надзорно тело. Во изминативе неколку месеци кога Собранието не функционираше видовме дека пости ризик кога државта останува без контролно тело. Поради сето ова треба да се најде начин Собранието да функционира он лајн, а тоа значи непречено да течат и дискусиите и гласањето. Во денешно време кога технологијата е многу напредна, од ниту една причина не треба да се загрозува, ниту здравјето на народните избраници ниту пак здравјето на собраниските службенци, вели Речица.
Кржалвоски предупредува дека засега власта е ставена во тесно бидејќи очигледно е дека Уствот не може да се смени, и дека за измени во Деловникот потребен е консензус. Тој смета дека на некој начин ВМРО-ДПМНЕ на ова гледа како можност да биде вклучена во решавање на битни прашања.
-Сите парламенти заседаваат он лајн. Шпанскиот парламент дури донесе он лајн одлука за прием на Македонија во НАТО. За време на пандемијата од Ковид 19, европски тренд парламентите да функцонраат електронски. Не гледам причина зошто и македонското собрание да не работи он лајн. Оваа ситуација е проблем на Владата на премиерот Зоран Заев, бидејќи во моментот се гледаат слабостите со 62 пратеници, а тие се дека парламентот тешко функционира. На крајот на краиштата со ваквиот раст на бројот на пратениците заболени од коронавирус, ако не се преземено нешто, Собранието ќе биде блокирано. Во моментов имаме ветување на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе бидат конструктивни во дебатата за буџетот, но ќе видиме што ќе се случува при гласањето кога ќе мора да има присутно мнзоинство, вели Кржаловски.
Од Институот за демократија сметаат дека нема причина зошто македонското Собрание да не работи он лајн. Како пример го посочуваат собранието во Велика Британија кој по цели 700 години за првпат работи без порисутвото на пратениците.
-По цели 700 години, без ниту еден ден да биде затворено, собранието на Велика Британија сега е хибриден парламент, во кој повеќе од половината пратеници се вклучуваат он лајн. Така не трпат ниту дискусиите ниту гласањето. Очигледна е нивната култура на дебата. И кај нас, не треба да постои причина за кочење на префрлувањето на македонското собрание – на он лајн работа. Најважно е Собранието да не биде затворено особено не во кризни ситуациии како оваа предизвикана од коронавирусот, бидејќи ни треба контрола на власта, вели Речица.
Според Кржалвоски ваквата ситуација ќе се надмине ако се изнајде способност за градење на консензуст. Тој очекува во наредниот период да се зголеми поларизаицијата во законодавниот дом. Апелира до власта да научи како да ја вклучи опозицијата во собрнаиската работата. Речица пак вели дека причината за спротивставувањето на опозицијата на он лајн собрание е повеќе политичка а не техничка и здравствена. Но смета дека овие одговори треба да ги дадат екои други институции.
Од коронавирусот веќе беа заболени неколу пратеници, а во моментов во работата собранието поради вирусот не можат да присутвуваат тројца пратеници.

The post Со клуч на собраниската врата, кој ќе ја контролира врз власта!? appeared first on Слободен печат.


Со клуч на собраниската врата, кој ќе ја контролира врз власта!? was first posted on октомври 14, 2020 at 12:06 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....