1.8 C
Скопје
23:02 - 21 декември, 2024

Сликата од Германија заменета со домашна, срамот остана

Платформата „Дома си е дома“ објави насловна слика, која набргу се откри дека е од езерото Кенигсе во Германија. По ова, оправдано  „експлодираа“ социјалните мрежи со критики за тоа како домашниот туризам се рекламира со фотографија од странство, а не изостанаа и шеговитите постови каде наши сограѓани ставаат фотографии од егзотични предели со коментар дека тоа е погледот од нивната тераса. По овие бурни реакции, Министерството за економија ја смени сликата со пејзаж од Охрид.

Ова е епилогот од  скандалот со сликата од странство. Но, „Слободен печат“ го праша Министерството за економија, дали некој ќе одговара за направената грешка, а оттаму ни одговорија дека Министерството за економија во моментот на поставување на сликата било фокусирано на функционалноста на платформата, за да може ваучерите навреме да стигнат до граѓаните. Оттаму појаснија и дека во Министерствто за економија надлежен бил Секторот за туризам и угостителство.

– Сликата поставена на платформата е веќе сменета и за грешката Министерството за економија им се извинува на граѓаните.  Сакаме да потенцираме дека истата е ставена само како природа која немаше цел да се промовира или да назначи одрена дестинација во Република Северна Македонија (…) Платформата ќе биде дополнително доградена со промотивен дел, односно со слики и податоци за туристичките потенциали на Република Северна Македонија кои што граѓаните ке можат да ги посетат – ни одговорија од Министерството за економија.

Првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски појасни дека Агенцијата, иако ја води кампањата „Дома си е дома“, не е задолжена за изработка на сајтот.

сликата од странство го разлути и него и тој на фејсбук објави дека за четири денови тимот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот поминала 1.300 километри низ Македонија, снимени се четири дестинации, претставени се 35 атракции и и поминати се  повеќе од 60 часа работа на терен.

„Не чекаат уште шест видео записи, многу километри, часови теренска работа за кампањата која успеа да обедини многу нешта а многумина се кратковиди да го видат тоа. На секој што му се потребни фотографии за промотивни цели, АППТ секогаш била и ќе остане отворена да отстапи промотивни материјали, со познат автор и отстапени права за користење“, напиша денеска Јаневски.

Чија е сликата пак, си откри самиот автор, Симон Мигај  на својот инстаграм профил:

„Смешна неделна приказна. Ја објавувам оваа слика слободно на интернет и сега завршува на чудни места. Моментално Владата на Македонија одлучи да ја искористи за промоција на нивниот туризам и Македонците се обидуваат да откријат каде е ова место. Инаку ова е езерото Konigssee во Македонија, умирам од смеење“, пиша авторот на фотографијата на стори од Инстаграм.

Министерството за економија пак, објави дека сликата е преземена со сите авторски права.

The post Сликата од Германија заменета со домашна, срамот остана appeared first on Слободен печат.


Сликата од Германија заменета со домашна, срамот остана was first posted on јуни 16, 2020 at 2:13 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....