23:11 - 22 декември, 2024

Сите долгови на претседателот: Кому му должи пари Доналд Трамп?

Долгот од над една милијарда долари се однесуваат на пазарот со недвижности погоден од кризата со ковид-19, од кои околу 900 милиони долари ќе стигнат за наплата во наредните четири години, доколку тој освои нов претседателски мандат.

Ова се тешки времиња за пазарот на недвижности. Кризата со ковид-19 ја погоди и вредноста на имотите, особено оние на комерцијалните недвижности во градови како Њујорк. Задолжените инвеститори со ратите што стигнуваат за наплата се подготвуваат за тешки преговори со нивните заемодавачи.

Преговорите ќе бидат понезгодни доколку должникот е претседател на САД.

Буквално сите долгови на Доналд Трамп – ги има барем 1,1 милијарда долари, според неговите објавени фискални податоци и други документи – се осигурени со хипотеки врз недвижен имот, повеќето во врска со помал број згради и терени за голф, кои го чинат јадрото на бизнис-империјата на Трамп. Отплатата на околу 900 милиони долари од тој долг ќе стане актуелна во вториот претседателски мандат на Трамп, доколку тој победи на изборите на 3 ноември.

На хартија, г. Трамп не е многу задолжен: според „Форбс“, неговото богатство се проценува на 2,5 милијарди долари. Но економијата сè уште стои на слаби нозе, па доколку долговите му станат проблем, тој би можел да заигра „тврдо“ со своите кредитори, како што тоа го правеше во минатото.

Состојбата за американскиот претседател е уште позагрижувачка, бидејќи неговиот примарен извор на заработка во последните неколку години – неговите телевизиски проекти – се „исуши“, според податоците на истражувањето на „Њујорк тајмс“. Цитирајќи ги даночните пријави на претседателот, „Тајмс“ наведува дека голем дел од тој приход бил инвестиран во терени за голф, кои произведуваат загуби. Значи, иако претседателот поседува богат имот, не е јасно до колкави ликвидни средства има пристап? За ова, компаниите на Трамп одбиваат коментар.

Кредиторите на претседателот може да се опишат во пет групи…

Трамп должи 447 милиони долари преку неговото партнерство со „Ворнадо реалити траст“, за висококатници во Њујорк и Сан Франциско   

Господинот Трамп поседува 30 проценти од зградите на две адреси во Њујорк и Сан Франциско, што пропорционално се одразува и врз долгот од 1,5 милијарди долари со кои се оптоварени градбите што треба да се исплатат во следните две години. Долгот се води на партнерската фирма, не лично на г. Трамп, но промената на вредноста на долгот или доколку тој не се плати, директно ќе влијае врз вредноста на неговата сопственост на зградите. Заемот за зградата во Њујорк на почетокот беше даден од „Дојче банк“, УБС, „Голдман сакс“ и Државната банка на Кина, но тие пред повеќе години го продадоа, па не е сосема јасно кој е сегашниот кредитор. Како што не е јасно кој е позајмувачот и за зградата во Сан Франциско. „Ворнадо“ одби да коментира што било за ова.

Канцеларискиот комплекс во Сан Франциско е со големина од околу 170.000 метри квадратни, па иако приходите од тој имот опаднаа за 5 отсто во последниот квартал, според податоците на „Ворнадо“, зградата е сè уште издадена 99 проценти. Во Њујорк  пак, зградата е со големина од 195.000 квадрати во кои има канцеларии и дуќани лоцирани во центарот на Менхетен, иако нема податоци за тоа колку од нив се издадени.

Зградата во Њујорк е со големина од 195.000 квадрати во кои има канцеларии и дуќани лоцирани во центарот на Менхетен/ Фото: EPA

Вредноста на секоја од овие две згради веројатно е намалена како резултат на кризата со ковид-19. Цените на канцелариските простори паднаа меѓу 5-13 проценти во изминатата година во Сан Франциско и во Њујорк.

Пазар на обврзници: земени 250 милиони долари заеми за неколку од најпознатите имоти на Трамп, заедно со многу други кредити што не гласат на Трамп, со комерцијални хипотекарни обезбедувања

Банките од кои потекнуваат овие хипотекарни кредити ги имаат продадено на ЦМБС трастот, надоградувајќи ги со други позајмици и трансформирајќи ги во должнички хартии од вредност со кои може да се тргува. Тој што ја дава услугата е должен за собирање на должничките рати од позајмителите. Доколку позајмителот не ја врати ратата на време, се спроведува специјална постапка за собирање на долгот или за присилна наплата. Токму овие собирачи на долгови можат да бидат пресудни за овие кредити, доколку г. Трамп доцни со исплатите.

Вкупно, се работи за четири имоти на Трамп поделени во шест од овие кредитни шеми на ЦМБС. Повеќето се згради со деловни простори и станови за живеење. Најголемиот заем, земен во 2012 година, е со вредност од 100 милиони долари и се однесува на „Трамп тауер“ на Менхетен.

Повеќето од овие заеми се доволно мали за да не претставуваат значително оптоварување на ЦМБС. Сите кредитни отплати им се редовни. Се чини дека има мало влијание врз стапката на рентирање во овие имоти како последица од кризата со ковид-19.

Сепак, еден кредит – оној од 6.5 милиони долари за зградата на „Интернационалниот хотел Трамп“ на престижната адреса бр. 1 „Централ Парк запад“ во Њујорк – е означен како ризичен, после драматичниот пад на приходите на хотелот. На овој имот има двајца поединечни изнајмувачи, гаража за паркирање и сега затворениот ресторан „Триумф“.

Трамп ѝ должи 340 милиони долари на „Дојче банк“

Оваа банка е најголемиот кредитор на Трамповото финансирање на неговите хотели во Чикаго и Вашингтон, како и голф-ресортот во Мајами.

„Дојче банк“ е најголемиот кредитор на Трамповото финансирање на неговите хотели во Чикаго и во Вашингтон/ Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

Според податоците од даночната пријава на Трамп, објавени во „Њујорк тајмс“, и Националниот „Дорал ресорт“ во Мајами и хотелот „Интернационал“ во Вашингтон имаат покажано големи загуби. Во случајот на „Дорал“ тие изнесуваат 162 милиони долари за периодот 2012-2018 година, а хотелот во Вашингтон има загуба од 55,5 милиони долари од 2016 година, кога се отвори, до 2018 година.

Трамп има најмалку 25 милиони долари долгови кај четири помали банки и кај еден брокер

Сите овие заеми се меѓу 5 и 25 милиони долари. Повеќето не се стигнати за отплата во наредните четири години. Два од нив се со хипотеки на семејни имоти на семејството Трамп, во предградијата на Њујорк и на Палм Бич, Флорида; два се на терени за голф во Њу Џерси и дистриктот Вашингтон; и еден, кој достасува за отплата годинава, е на станбена зграда во централен Менхетен.

Постои долг од 50 милиони долари кон трастот „Чикаго јунит аквизишн“, покриен со обезбедување врз Трамповиот „Интернационален хотел и кула“ во Чикаго

Овој долг е мистериозен. Трастот од кој се позајмени парите му припаѓа на Доналд Трамп, па се чини дека Трамп си должи пари самиот на себе. Запрашан за овој необичен аранжман од страна на „Њујорк тајмс“ во 2016 година, г. Трамп изјави: „Имам хипотекарен кредит. Тоа е тоа. Многу едноставно. Јас сум банката.“

Но тој е и должникот, а не се работи за обичен кредит, туку за позајмица којашто се наплаќа под одредени услови – кога опаѓа кредитниот рејтинг на оној што се задолжува. Веќе беше сугерирано дека овој аранжман може да е дел од одредена шема во стратегијата за избегнување даночни обврски.

Автори: Роберт Армстронг (Њујорк) и Џо Ренисон (Лондон)

Преземено од: „Фајненшл тајмс“

 

 

 

The post Сите долгови на претседателот: Кому му должи пари Доналд Трамп? appeared first on Слободен печат.


Сите долгови на претседателот: Кому му должи пари Доналд Трамп? was first posted on октомври 31, 2020 at 8:02 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....