-1.2 C
Скопје
05:57 - 19 декември, 2024

Што сè помина преку грбот на народните избраници предводени од Џафери

По што ќе остане запаметен овој пратенички состав. Дали по крвавите сцени, претепаните пратеници, тензичните седници на раб на инциденти или ноќните седници за историските промени наменети за посветла иднина со членството во НАТО и ЕУ.

Сега веќе распуштениот состав ќе остане покус за една година од предвидениот четиригодишниот мандат. Носеа закони, и дејствуваа според Закони. Со Закон, народните избраници си делеа високи бонуси за патарини. По критиките во јавноста со закон си ги намалија патните привилегии. Сложно како браќа, власта и опозицијата донесоа Закон со кој партиите секоја година ќе си делат 4,5 милиони евра пари од граѓаните.

Тешко одеше формирањето на овој состав. Конститутивната седница траеше 4 месеци, се до 27 април 2017 година, кога се случи „крвав“ упад во законодавниот дом. За време на заклетвата на идниот шеф на Собранието Талат Џафери од ДУИ, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикуваа дека тоа било пуч. Од собраниската говорница се пееше химната на Албанија. Само неколку дена подоцна на 31 мај со 62 гласови „за“, 44 против и 5 воздржани беше избрана новата Влада на Зоран Заев.

Годината заврши со ставањето на потписот на спикерот Џафери врз Решението за распишување на локални избори кои се одржаа во октомври. Народните избраници од пратеничкиот состав 2016/2020, не здивнаа ниту нареднта 2018 година. Пред нив беа исправени историски одлуки. На 15 јануари со 61 глас „за“ и еден воздржан на независниот пратеник Ферид Мухиќ, го изгласаа Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Половина година подоцна пратениците го ратификуваат и Договорот за името со Грција. „За“ гласа 69 пратеници, немаше против, ниту воздржани. ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата. Истата година беше донесен и Законот за употреба на јазиците. За време на носењето на законот екс премиерот Груевски истури чаша вода врз спикерот, му го исклучи микрофонот и се обиде да му ја одземе картичката за гласање како револт што претседателот на Собраниео не им даде право за процедурални забелешка на пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ.

На овој пратенички состав му се падна да донесе и одлука за распишување на референдум за името. На 30 јули со 68 гласови „за“ го утврдија и референдумското прашање кое гласаше „Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија гласањето.

На два месеца пред истекот на годината во октомври Собранието го усвои владиниот предлог за пристапување кон уставни измени, седница која неколкупати во текот на денот беше одложувана и незивесна до самиот финиш дали ќе се обезбеди мнозинство на крај резултираше со усвојување на уставните измени за кој гласаа 8 пратеници од пратенчката група на ВМРО-ДПМНЕ со шо се обезбеди потребната поддршка од 80 пратеници. Останатите нивни сопартијци во чин кој дотогаш не беше виден во парламентарната демократија станаа од пратеничките столчиња и стоејќи до зидот упатуваа навреди кон пратениците кои гласаа.

Пратениците предовдени од спикерот Џафери го изгласаа и Законот за амнестија со кој беа ослободени од кривично гонење дел од учсенсиците во настаните поврзани со „крвавиот четврток“. Со него беа запрени кривичните постапки и беа целосно ослободени од затвор. Но, пред неговото гласање, пратениците од владејачкото мнозинство, во ноември му го одзедоа пратеничкиот мандат на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот премиер Никола Груевски, кој побегна во Унгарија.

Јануари, единаесетти, 2019. Собранието со 81 глас „за“ усвои четири амандмани, 33, 34, 35 и 36 кои станаа дел од Уставот. Со амандманот 33 зборовите Република Македонија беа заменети со зборовите Република Северна Македонија освен во членот 36 од Уставот. ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата.

Истиот месец спикерот Џафери до Службен весник го испрати и Законот за употреба на јазиците. Шефот на собранието во февруари ги распиша претседателските избори кои се одржаа на пролет минатата година и на кои победи Стево Пендаровски.

Генерално целата 2019 година поминува во знакот на Законот за јавното обвинителство, преговори и договори меѓу пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. 2020 година. На трети јануари пратениците ја изгласаа новата техничка влада.

Денес се распушти Собранието, 108 пратеници гласаа „ЗА“.  Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето обраќање рече дека по направената консултација на 10 февруари со Државната изборна комисија, денешниот ден беше последен рок за распуштање на Парламентот. Со ваквиот чин си го кратат мандатот за речиси една година.

Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со илјадници амандмани го блокираа Законот за една изборна единица на помалите политички партии. Пратениците го изгласаа Законот за јавното обвинителство, и за законот за одбрана.

По барање на СДСМ и ДУИ, Собранието попладнево пред да се распушти, го донесе и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На оваа седница не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен овој закон, беа донесени и Законот за управување со предметите во судовите и Законот за заштита на лични податоци и Законот за инспекторатот за употреба на јазиците, како и Законот за урбано зеленило.

Преку ноќ го усвоија Изборниот законик кој беше потпишан од координаторите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Освен што беа вградени препораките на ОБСЕ Маврово, Дебар и Ростуше беа префрлени од шестата во петата изборана единица. Но најголем успех секако им е што сложно сите со 114 гласови го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО.

The post Што сè помина преку грбот на народните избраници предводени од Џафери appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....