Јуанг Џиминг, директор на Институтот за вирологија во Вухан, каде беше првото жариште на епидемијата на новиот коронавирус, ги негираше тврдењата на дел од американските медиуми дека токму таа лабораторија е можен извор на заразата.
– Невозможно е тој вирус да дошол од нас, изјави тој во интервју за државната телевизија.
– Јасно знаеме кои видови истражувања се спроведуваат во Институтот и како се управува со вируси и примероци, потенцира директорот на таа установа.
Институот има една лабораторија П4 каде се чуваат примероци од најопасните вируси кои се пренесуваат од човек на човек, како што е ебола, која, според директорот, е под најстрого обезбедување.
ПРОЧИТАЈТЕ: Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот? Исповед на докторката од Вухан која го откри коронавирусот: Се започна откако во болницата дојде едно семејство (ВИДЕО) Научници влегоа во трага на коронавирусот: Не потекнува од Вухан, ниту од лабораторијата
The post Шефот на лабораторијата во Вухан се огласи: Невозможно е коронавирусот да дошол од нас appeared first on Слободен печат.