0.8 C
Скопје
22:13 - 18 декември, 2024

Се тестирате за Ковид 19? Тогаш со ,,закон” ќе мора да чекате резултати дома!

Откако во повеќе наврати беше утврдено дека граѓани кои чекаат резултати од тест за коронавирус, тоа не го прават дома во изолација, туку се појавуваат на работните места, одат на лекар, во продавница и едноставно продолжуваат со извршување на секојдневните рутини надевајќи се дека тестот ќе им биде негативен, владата реши да реагира.

Од последната седница на владата доцна синоќа, произлезе задолжение за Министерството за здравство, за да се регулира овој проблем.

Владата го задолжи Министерството за здравство веднаш, уште за наредната седница да подготви предлог уредба со законска сила, која правно ќе го нормира прашањето во однос на воведување на задолжителна самоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за Ковид 19, најмалку до моментот на добивањето на резултатот, согласно епидемиолошката анкета.

Според препораките на Комисијата за заразни болести, само на оние лица што имаат симптоми им се прави тест, но дали било така и во Куманово, каде тестирани биле поголем дел од кризниот штаб на овој град, а подоцна од тестирањето позитивни на вирусот се најмалку шест лица од штабот, ќе треба да покаже извештајот на вонредната инспекција на Државниот санитарен здравствен инспекторат кој завчера го ,,чешлаше” случајот.

И градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, резултатот од тестот го чекал со денови но не од дома, туку давајќи изјави на новинари и пречекувајќи го владиниот врв, како премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за образование и здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче како и епидемиологот доктор Жарко Караџовски на состанок по што сите мораа да одат во изолација. Таа изолација на почетокот беше најавена за до вторник, но вчера Османи и Филипче посочија дека дома ќе останат 14 дена.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, за Телма телевизија изјави дека тој претпоставувал дека државните институции по дифолт, односно по службена должност, ќе ги информираат владините претставници дека тој и останатите членови на кризниот штаб се тестираат за коронавирус и очекуваат резултати. Тој рече дека е изненаден што толку многу се разговара на тема здравјето на функционерите, а не се разговара за здравјето на граѓаните.

– И што тоа нашата функционерска кожа е поскапа во однос на кожата на граѓаните? Јас не сум се самотестирал туку сите членови на штабот беа тестирани по барање на епидемиологот кој директно соработува со Министерството за здравство и просто сум изненаден зошто тоа треба да се информира кога во оваа држава постои систем, правила, процедури, па кога се зема тестот се информира од кого е земен. Во случајов се зема на цел штаб како ризична група со голем број контакти од луѓе кои работеа на дезинфекција на црвените точки на градот. Потоа резултатите одат во Министерство, па се враќаат назад. А главното прашање е зошто резултатите доцнеа пет дена? Да ги добиевме во понеделникот немаше да дојде до оваа забуна – рече Димитриевски за Телма.

На прес конференцијата завчера, Слободен печат го праша министерот Филипче како може да се спречи појавата граѓани што чекаат резултат од тест за ковид 19 да продолжат со извршување на секојдневните активности.

-Јасно е при земањето на тестови и јасна е индикацијата, уште од почеток е јасна насоката од Комисијата за заразни болести, дека тест се прави на пациент кој има симптоми. И во таа смисла јасно е дека тој човек мора да биде во изолација. Тоа беше меѓу првите работи што ги утврдивме при поставувањето на стратегијата. Да се скринираат пациенти со симптоми. А сите други да одат во автоизолација до појава на симптоми по што важи истиот пристап. Во таа смисла, ги чекаме наодите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат во Куманово, бидејќи тоа е една од работите кои сакаме да знаеме точно како се одвивала, кои се индикациите, какви се, кој ги поставил и што било правено во меѓувреме, рече министерот.

За неседење дома до добивање на резултатот на тестирање за коронавирус, паднаа и парични казни во други случаи, уште на 2 април. Тогаш Основното јавно обвинителство во Штип, побара штипјанец да биде казнет со 100 дневни глоби од по 20 евра, односно 2 илјади евра, зашто откако бил тестиран за коронавирус и добил насока да се самоизолира, тој отишол на гости.

Познат стана и случајот кога скопјанец повикал екипа на брза помош за да прими ампуларна терапија дома, а додека медицинската сестра му ја ставала инјекцијата, и соопштил дека чека резултати од тестирањето. За 14 дена медицинската сестра доби позитивен резултат за коронавирус.

The post Се тестирате за Ковид 19? Тогаш со ,,закон” ќе мора да чекате резултати дома! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....