Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека ерменските сили уништиле склад со гориво на вооружените сили на Азербејџан и дека во гранатирањето е погодена и касарна во која загинале 200 војници.
„Како резултат на одлично изведените акции на Армијата за одбрана на Карабах, уништен е еден склад со нафтени деривати од витално значење за азербејџанската војска“, објави на Фејсбук портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степањан покрај видеото од уништувањето на складиштето.
Претставник на Министерството за одбрана на Ерменија Арцрун Ованисјан на својот Фејсбук објави дека покрај уништеното складиште се наоѓала касарна со непријателски војници.
Според неговите зборови, војската на Карабах го гранатирала складиштетот со гориво покрај кое е уништена и касарната.
UPDATE | Yerevan refutes reports on Armenian, Azerbaijani foreign ministers’ meeting in Geneva#SputnikUpdates https://t.co/ir68GKwigJ
— Sputnik (@SputnikInt) October 7, 2020
-Во касарната има 200 жртви. Нивната војска за нив не претставува никаква вредност, напиша Ованисјан, објави Спутник.
Претходно беше објавено дека војската на Карабах со ракетни и артилериски удари ликвидарала две непријателски складишта на гориво и масла. Борбите во зоната на судири на Карабах траат од 27 септември.
The post Се разгорува конфликтот во Нагорно Карабах: Ерменците погодија касарна, загинаа 200 војници (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Се разгорува конфликтот во Нагорно Карабах: Ерменците погодија касарна, загинаа 200 војници (ВИДЕО) was first posted on октомври 7, 2020 at 7:41 pm.