
Експлозијата која се случи во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели Кристофер Базби, британски експерт за ефекти на јонизирачко зрачење.


Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд веќе ја спореди експлозијата во градското пристаниште, по која настана и катастрофална „печурка“, со експлозиите од нуклеарните бомби во јапонските градови во 1945 година.

Британскиот експерт има и научна аргументација за таквата споредба. Во пристаништето во Бејрут експлодирале над 2.700 тони шалитра, хемиско соединение кое има слична експлозивна сила како ТНТ.
– Бомбата во Хирошима имаше сила меѓу 10 и 12 килотони ТНТ, според тоа, експлозијата во Либан имаше една третина од силата на бомбата во Хирошима – вели Базби.
Тој објаснува и дека „печурката“ за време на екплозијата во Бејрут се појавила на сличен начин како што тоа се случува кај нуклеарните бомби.
Потресни сведоштва од Бејрут: „Видов војна, снимав војна, ова е апокалипса“(ФОТО+ВИДЕО)
– Силниот удар создаде компресивни прстени во водената пареа, како што ќе направи нуклеарната бомба кога ќе експлодира во близина на водената површина – тврди британскиот научник.
Катастрофа што можеше да се избегне: Либанската царина алармирала за опасноста од нитратот во Бејрут
Незамислив ужас: 75 години од нападите со атомски бомби врз јапонските градови (ФОТО+ВИДЕО)
The post Само бомбите во Хирошима и Нагасаки биле со поголема моќност од експлозијата во Бејрут (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Само бомбите во Хирошима и Нагасаки биле со поголема моќност од експлозијата во Бејрут (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on август 6, 2020 at 9:49 am.