11.8 C
Скопје
15:30 - 25 ноември, 2024

Реакции на социјалните мрежи поради погребот на црногорскиот митрополит

Погребот на црногорскиот митрополит Амфилохије викендов ги разбранува социјалните мрежи. Причината за тоа беше споделеното видео на Твитер на кое се гледа дека во Подгорица, огромен број народ се простува од починатиот митрополит, голем дел од верниците, меѓу кои и деца, го бакнуваа мртвото тело изложено во отворен ковчег.

Она што е спорно и што предизвика реакции, не само во Македонија, туку и во Србија и БиХ е тоа што Амфилиохије почина како последица од ковид-19. Прашањата на дел од корисниците на социјалните мрежи беа, како е можно починат од коронавирус да се држи во отворен ковчег, а не во лимен, како што налагаат протоколите секаде во светот и како е можно огромен број луѓе да се редат еден позади друг без никаква физичка дистанца и без маски и да го бакнуваат телото на починатиот митрополит.

„Вакцинирање на Србите од Црна Гора против коронавирус“,

„На луѓето кои го оправдуваат масовното бакнување на леш со зборовите: беше негативен на корона во последните 15 дена, треба да им се укине правото на глас и да им се одземе работната способност“,

„Прво помислив дека ова е некоја Халовин зезанција. Гледам дека не е. И најстрашниот Халовин за ова е смешен. Би било и ова да не е опасно по живот. Така што можам само да кажам дека немам зборови за овој филм на стравот и ужасот“,

„Најдобар начин да се стекне имунитет на стадо, да се бакнува мртовец заразен од корона, па кој преживее, преживее“,

„До каде оди човечката глупост да и своите деца ги втурнуваат во бедзна со помрачен ум“,

„Сега имаат супер кластер во најава“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

Имаше и коментари од типот дека коронавирусот не постои, дека митрополитот не починал од ковид-19, туку од пневмонија, како и дека тој е светец, а неговото мртво тело е лековито.

Докторката од Клиничкиот центар во Црна Гора, Невенка Павличиќ, побара од Националното координативно тело за справување со коронавирусот, со налог да биде затворен ковчегот на митрополитот Амфилохије. Таа смета дека ритуалот во кој илјадници луѓе го бакнуваат по телото, е извор на зараза, пренесе „Радио Слободна Европа“.

Таа смета дека Амфилохије треба да биде погребан според истите правила како и сите кои ќе починат од коронавирус, а не „да се прават настани и промоции за лидери на други земји“.

Амфилохије од 5 октомври беше во лоша здравствена состојба и беше хоспитализиран во болницата во Цетиње, а потоа префрлен во Клиничкиот Центар. Тестирањето покажа дека бил заразен од коронавирус.

Пред Храмот на Христовото воскресение во Подгорица толпа верници чекаа со часови со желба да го видат ковчегот со телото на митрополитот кое беше предадено од манастирот во Цетиње.

Многумина сакаа да го допрат ковчегот со остатоците од митрополитот, некои ставија цвеќе во отворениот сандак, а присутни беа и многу деца. Притоа не се водеше сметка за дистанца, ниту се почитуваа мерките за носење заштитна маска, среде пандемијата која зема се поголем замав секаде во светот.

The post Реакции на социјалните мрежи поради погребот на црногорскиот митрополит appeared first on Слободен печат.


Реакции на социјалните мрежи поради погребот на црногорскиот митрополит was first posted on ноември 1, 2020 at 10:33 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....