Тигар во зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирусот, што е првиот потврден случај на заразено животно со Ковид-19 во САД и тигар во светот, соопштија официјални извори.
Министерството за земјоделство на САД соопшти дека станува збор за четиригодишен тигар, прецизирајќи дека уште шест тигри и лавови со кои бил „нулта” тигарот биле во контакт, почнале да покажуваат симптоми на болеста.
Се претпоставува дека животното е заразено од работник во зоолошка градина Бронкс, позитивен на Ковида-19.
Зоолошката градина соопшти дека тигарот почнал да покажува симптоми на болеста на 27 март, а се очекува сите животни да се опорават.
Зоолошката градина Бронкс затвори на 16 март, како дел од мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот.
The post Прв тигар во светот заразен со коронавирус appeared first on Слободен печат.