-4.2 C
Скопје
00:45 - 23 декември, 2024

Приходите од авионските патувања ќе се преполоват во 2021 година

Приходите на авионската индустрија се очекува да опаднат за 46 отсто во 2021 година во споредба со 2019, последната година пред избивањето на светската пандемија. Цифрата на тие приходи минатата година, според пресметките на Меѓународната воздушна транспортна асоцијација (IATA), со седиште во Женева, изнесувале 838 милијарди долари.

Во соопштението на оваа Асоцијација се подвлекува дека претходните анализи покажувале прогнозиран пад за 2021 година од околу 29% во споредба со лани, но тие предвидувања се влошени заради одложувањето на побарувачката за патувања во авиоиндустријата како резултат на продолжените ефекти на пандемијата на коронавирусот.

Асоцијацијата очекува во 2020 година авионскиот сообраќај да забележи пад од 66% споредено со 2019 година, со пад на побарувачката во декември за 68%.

Минатата недела, при презентирањето на овие предвидувања во Женева, Александар д’Жунак, директорот на Меѓународната воздушна транспортна асоцијација, соопшти црна прогноза, велејќи дека четвртиот квартал годинава ќе биде „екстремно тежок“.

„Нема најава дека првата половина од 2021 година ќе биде значително подобра од годинава, сè додека границите останат затворени и додека важат мерките за карантин при заминување или доаѓање од патувањата“, додаде тој.

Д’Жунак предупреди дека околу 1,3 милиони работни места во авионските компании ќе бидат доведени во опасност, доколку владите брзо не реагираат, додавајќи дека недостатокот од такви мерки „би имал домино-ефект, ставајќи дополнителни 3,5 милиони работни места под прашање во авионскиот сектор, заедно со 46 милиони други луѓе, чија работа во пошироката економија е во поддршка на авијацијата“.

Напишано од Туба Сахин и Чансу Дикме

Преземено од: „Анадолу агенција“ од Анкара

The post Приходите од авионските патувања ќе се преполоват во 2021 година appeared first on Слободен печат.


Приходите од авионските патувања ќе се преполоват во 2021 година was first posted on октомври 31, 2020 at 5:02 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....