-0.2 C
Скопје
18:24 - 22 декември, 2024

Поранешиот шеф на МИ6: Коронавирусот потекнува од лабораторијата во Вухан

Бившиот шеф на британската тајна разузнавачка служба МИ6, Сер Ричард Дирлав, изјави дека сака поотворена дискусија за потеклото на пандемијата на коронавирус.

Дирлав предупредува дека идејата дека вирусот би можел да потекнува од лабораторијата не треба да се отфрли.

Дирлав изрази уверување дека вирусот што предизвикува Ковид-19 бил вештачки направен и дека случајно избегал од лабораторија во кинескиот град Вухан, каде биле идентификувани првите жртви.

Неговото мислење е во спротивност со ставот на научниците, како и на американските и британските разузнавачки служби, дека коронавирусот САРС-КоВ-2 не бил создаден од човек.

Коментарите на Дирлав доаѓаат додека тим научници од Светската здравствена организација (СЗО) се подготвуваат да патуваат во Кина оваа недела за да го испитаат потеклото на болест во која загинаа повеќе од половина милион луѓе ширум светот.

„Јас сум поддржувач на теоријата дека вирусот потекнува од Институтот Вухан (за вирусологија)“, рече Дирлав, кој служеше како шеф на МИ6 помеѓу 1999 и 2004 година.

„Не велам ништо друго, освен дека тоа е последица од несреќа и дека вирусот е резултат на експериментите што биле извршени во Вухан, и за кои не мислам дека се особено погрешни“, рече Дирлав.

Слични тврдења на ова имаше и во април годинава, кога припадник на Кобра (одбор за реакција во кризни ситуации предводена од Премиерот на В. Британија, Борис Џонсон) изјави дека добил детални класифицирани брифинзи од безбедносните сили за кои вели дека не’ го оспоруваат фактот дека вирусот потекнува од животни, но исто така не ја оспорувал ниту дилемата дали овој вирус се раширил меѓу луѓето откако најверојатно „избегал“ од лабораторија во Вухан.

Повторно се отвара прашањето: Дали коронавирусот „избегал“ од најнапредната кинеска лабораторија, која се наоѓа во Вухан?

„Има кредибилно алтернативно гледиште на првичната теорија (дека човек се заразил од живо животно при познатиот маркет за животни и риби, Хуанан) кое се базира на самата „природа“ на вирусот. Можеби и не е коинциденција фактот дека во Вухан се наоѓа најнапредната лабораторија во кина. Тоа не може да се игнорира“, истакна припадникот на Кобра.

The post Поранешиот шеф на МИ6: Коронавирусот потекнува од лабораторијата во Вухан appeared first on Слободен печат.


Поранешиот шеф на МИ6: Коронавирусот потекнува од лабораторијата во Вухан was first posted on јули 6, 2020 at 9:22 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....