1.8 C
Скопје
21:45 - 18 декември, 2024

Политичка кампања меѓу извршители и стечајни управници

-Кампањата за избори ќе биде валкана, но искуството од претседателските избори кои беа во позитивна атмосфера во однос на тие од 2014-та се добра шанса за демократска, фер и позитивна кампања, смета заменик-претседателката на СДСМ и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

Се чини дека оптимизмот на Шекеринска испари уште недоречен. Кампањата сеак ќе биде валкана.

Тоа го потврдува не само досегашната пракса во која уште од поодамна доминираат личните навреди од страна на партиските штабови, но и од водечките луѓе на партиие упатени кон претседателите на партиите.

Тоа значи, наместо со презентација на сопствената програма и реална понуда на економска и политичка програма до граѓаните, рејтингот ќе се гради преку вербални навреди и омаловажување на противникот.
При тоа спектарот на квалификации е широк, од стечајни управници, преку извршители до диригенти.

Па така, Спорд Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ „Зоран Заев човекот којшто ја опустоши државата е стечајниот управник на Македонија“.

И обратно: „Христијан Мицкоски е извршител на Никола Груевски и е стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ, најрасипничката партија со милионски долгови, возвраќаат од СДСМ

Во налетот на жар во кампањата се посега и по музички жаргон за да се добие на духовитост.

-Извршителот Христијан Мицкоски потонат во очај и без идеи свири како што диригентот Груевски му диригира, но не погоди ниту една нота, не успеа да оствари ниту една нарачака од Будимпешта, оркестрираат од СДСМ.

Мицковски пак солира и вели:

-Диригентот диригира како оркестарот да свири“, коментирајќи ја изјавата на премиерот Оливер Спасовски во која вели дека очекува изборната кампања да биде една од „највалканите” досега.

И додава:

-Подготвени сме да одговориме на нивните валкани игри до крај. Така да тој предизвик го прифаќам и ќе одиме до крај, порачува Мицкоски.

Од Центар за комуникации со јавност на СДСМ возвраќаат:

-ВМРО-ДПМНЕ и како власт и како опозиција освен за валкани кампањи за ништо друго и не знае, толку е безидејно и очајно што тргна во секојдневни и неосновани напади врз претседателот Заев и членови на неговото семејство.

Ваквата пракса на лична дискредитација на противникот не е нова кај нас. ВМРО ДПМНЕ ја користеше без пардон со години кон пораншниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски. И додека беше во опозиција и долго потоа кога беше на власт. Речиси неизоставно денот почнуваше и завршуваше со навреди, клевети и обвинувања од секаков вид: политчки, економски до лични и персонални, семејни и сл. Од таму и синтагмата што произлезе дека Груевски е патолошки опседнат со Бранко Црвенковски.
Во времето на десетгодишното владеење на ВМРО ДПМНЕ кога Македонија ја претвори во „заробена држава“ тогашната опозициска СДСМ обилно се концентрираше да го идентификува виновникот за таквата состојба во ликот и делото на Никола Груевски.

Овој континуитет на посочување на лична одговорност за состојбите во државата продолжуваат и сега и се насочени кон Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев. Целта на ВМРО ДПМНЕ е да се создаде негативна слика за него за да може незадоволството на граѓаните да се канализира и концентрира на една личност, при тоа избегнувајќи од обврската да се понуди нешто конструктивно што ќе ги привлече гласачите кон себе.

Затоа и во Македонија имаме ситуација на изборите да не се гласа ЗА туку ПРОТИВ.

Ваквата ПР стратегија на ВМРО-ДПМНЕ е разбирлива ако се има предвид дека партијата по цели десетина години е во опозиција и нема со што да се пофали пред граѓаните како што тоа го правеше Груевски на секои избори.
Сега во таа улога е СДСМ која како и секоја власт има со што да се претстави пред своето гласачко тело и пред граѓаните воопшто. Но имајќи ги предвид и нападите кои ќе доаѓаат од страна на опозицијата ќе биде ставена во ситуација и да се брани на сличен начин.

Сепак ќе мора да внимава затоа што на тој начин севкупно ќе придонесе во создавањето слика на негативна и валкана кампања, и да биде обвинета како одговорна за организирање на изборите.

The post Политичка кампања меѓу извршители и стечајни управници appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....