-4.2 C
Скопје
01:02 - 23 декември, 2024

Партиите да заборават на своите интереси и да го донесат законот за обвинителство

Франција посакува новиот закон за Јавно обвинителство да биде донесен со широко мнозинство, а личните прашања или краткорочни политики да бидат надминати во име на националниот интерес, изјави вчера за „Слободен печат“, францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние. Тој смета дека сега е доцна да се пишува нов текст на законот и дека тој што е на маса е добра основа за разговори во парламентот.

– Законот за Јавното обвинителство е нешто што силно го очекуваат меѓународната заедница, ЕУ и Франција. Потребна е солидна основа за трансферот на предметите од Специјалното јавно обвинителство во постојниот судски систем, дури и ако предметите се веќе пренесени. Втората работа, можеби и најважна, е да се обезбеди рамка за борбата против корупцијата, која е една од најголемите грижи на граѓаните. Сето тоа иницира преговори меѓу трите најголеми политички партии што ни дадоа надеж дека ќе може да се најде решение врз база на националниот интерес – вели Тимоние.

Амбасадорот Тимоние нагласува дека законот е многу важен и треба симболично да го одразува единството на општеството и на политичките партии во определбата за борба против корупцијата, која е канцер што доведува до морални, социјални и економски последици.

– Напорот што ќе го направат големите партии, седнувајќи заедно и гласајќи го, веројатно ќе ни помогне да се донесат позитивни одлуки во поглед на отворањето на пристапните преговори. Треба да се истакне дека личните персонални прашања или краткорочната политика треба да бидат надминати во име на компромис што оди во прилог на националниот интерес – порачува Тимоние.

Франција посакува да се усвои тој закон со широко мнозинство за да се даде таа политичка симболика. Ако не се случи тоа, Тимоние вели дека тогаш ќе треба секој пратеник лично да се изјасни. Затоа што, законот си останува закон. Точно е дека ова прашање е поврзано со законодавната техника, но тој смета дека за исходот е поважно да се има политичка волја отколку техника.

На прашањето дали го прочитал законот и дали смета дека е добра основа или треба да се пишува одново, Тимоние вели дека веќе има работа што е завршена и што служи како добра основа. Негова проценка е дека во оваа фаза, неколку денови пред распуштањето на Собранието, тешко дека може да почне се одново. Тој демантира дека во едно интервју сугерирал дека во преговорите има меѓусебна амнестија.

– Не е точно. Реков дека партиите треба да најдат компромис без да се прибегнува кон заемна амнестија. Повеќепати е кажано дека кога има ризик, кога постојат лични интереси, тогаш тие може да надвладеат над генералниот интерес. Она што сакаме ние е личните интереси да бидат надминати во име на генералниот интерес – повтори францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

The post Партиите да заборават на своите интереси и да го донесат законот за обвинителство appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....