2.8 C
Скопје
15:25 - 23 декември, 2024

Пандемијата се вжештува, болниците се полнат брзо

Бројот на активни случаи со коронавирус во земјава се искачи на 4015, болничките капацитети на Инфективната клиника во Скопје се на работ на исполнетост, а во функција е ставена и монтажната болница.

Викендов од тестираните, дури 23 проценти беа позитивни, што не се случило во земјава од почетокот на пандемијата. Од вкупниот број активни случаи во Скопје има 1792, во Струмица 267, во Тетово 222, во Кочани 218, во Куманово 176, во Прилеп 170, во Штип 123, во Битола 104.

Болничките капацитети алармантно се полнат. На Инфективната клиника се лекуваат 93 пациенти од кои 53 се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле се лекуваат пет деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, а едно дете и една мајка се суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет лица, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се тројца пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Наши извори од Комисијата за заразни болести кои имаат достапност до епидемиолошките анкети тврдат дека граѓаните кај нас многу ретко се тестираат без причина. Позитивните се тестирале затоа што имале симптоми како температура, истоштеност, губење на чувството за мирис и вкус. Тие што се без симптоми се тестираат најчесто зашто имале контакт со позитивен или заради патување во странство во држава која бара тест.

Директорка на Клиниката за инфективни болести и фербилни состојби, д-р Милена Стевановиќ, вели дека тоа што бројот на нови заразени порасна е затоа што граѓаните не ги почитуваат мерките за заштита, а ако се продолжи со истото темпо, последиците ќе ги трпи и здравствениот систем и пациентите .

-Ќе се одрази со недостиг од простор, со недостиг од сила на медицинскиот кадар. Седум месеци се бориме да го сочуваме системот за да може на секого да му пружиме здравствена нега. Нѐ очекува многу тежок период. Не ја искористивме приликата од летото да ги намалиме бројките, напротив драстично ги зголемивме. Никогаш не е доцна да почнеме да се штитиме, никогаш не е доцна да бидеме сите соодветно одговорни, изјави Стевановиќ за ТВ „21“.

Предупредувањата од здравствените работници се дека бројот на откриени случаи, може да е помал од оној кој е реален. Има случаи кога граѓаните се тестираат на приватно, но рано по суспектниот контакт и добиваат негативен тест. Потоа, кога ќе развијат симптоми, тие треба повторно да се тестираат, но не го прават тоа зашто имаат лажна сигурност од првиот негативен тест.

Двајца матични лекари од Скопје за ,,Слободен печат” додаваат дека има и пациенти што не сакаат да се тестираат со изговор дека се настинати и лошо реагираат на можнсота дека можеби се заразени со Ковид 19.

И текстилните кластери во Штип се повторно активни. Само во една фабрика со странски капитал има 22 нови случаи. Доколку ситуацијата ескалира и во штипската болница ќе се активира монтажна болница со капацитет од 42 лица. Меѓу 20 и 25 проценти од пациентите што имаат позитивни тестови на коронавирусот кај нас се без симптоми. Од нив, околу 35 проценти не се заразни за околината.

Професорот по епидемиологија и поранешен министер за здравство, доктор Драган Даниловски за ,,Слободен печат” објаснува дека има три причини зошто некој може да има позитивен тест, а да не е заразен за околината.

-Првата е вирусот да биде само на површината на назофарингеалната слузокожа, односно да постои контаминација. Втората причина е вирусите да бидат навлезени само во површните слоеви на таа слузокожа, односно локализирана инфекција. Третата причина е ако на површината на слузокожата постојат само фрагменти од вирусот. Во сите три варијанти нема заразност. Кај нас сите асимптоматски случаи се третираат како да се заразни и се ставаат во изолација. За да се диференцираат заразните од незаразните, потребни се дополнителни, серолошки тестови. Меѓутоа, антителата не се развиваат веднаш, туку неколку дена по завршување на инкубацијата. Прашање е како кај асимптоматските да се определи дали и кога завршила инкубацијата? Оттаму, сите се ставаат во ист кош и им се наложува изолација. И јас се прашувам зошто во официјалните извештаи не се соопштува посебно бројот на асимптоматски случаи, вели доктор Даниловски.

Д-р Беќаровски: Позитивниот ПЦР тест не мора да значи дека имате САРС-КоВ-2!

The post Пандемијата се вжештува, болниците се полнат брзо appeared first on Слободен печат.


Пандемијата се вжештува, болниците се полнат брзо was first posted on октомври 13, 2020 at 10:44 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....