3.8 C
Скопје
14:14 - 25 декември, 2024

Отворен новиот аеродром „Вили Брант” во Берлин

По деветгодишно задоцнување и далеку над првично планираниот буџет, денеска, по мала церемонија и со само неколку патници, среде епидемијата на коронавирусот конечно беше отворен новиот аеродром „Вили Брант” во Берлин.

Изградбата на новиот аеродром во Берлин почна во 2006 година и работите првично се планираа да завршат во 2011 година, но оттогаш отварањето беше одложено шест пати.

Изградбата на новиот аеродром во Берлин чинеше шест милијарди евра, што е околу трипати повеќе отколку што првично беше планирано, а работите конечно беа завршени среде пандемијата и ограничувањата за собирање и движење на населението.

Просечниот сообраќај на авионски патници низ Берлин минатата година бил околу 35,6 милиони патници, најмногу во Германија по Франкфурт и Минхен.

The post Отворен новиот аеродром „Вили Брант” во Берлин appeared first on Слободен печат.


Отворен новиот аеродром „Вили Брант” во Берлин was first posted on октомври 31, 2020 at 1:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....