Појаснувајќи ја ослободителната пресуда за Ивица Тодориќ и другите обвинети во случајот Агрокор, судијката на Жупанискиот суд Маја Штампар Стипиќ нагласи дека во текот на постапката не е докажано дека поранешниот сопственик на Агрокор и другите обвинети извлекле пари од концернот на начин на кој тврди обвинителството.
„По спроведената доказна постапка не е докажано дека обвинетите сториле кривични дела на начинот како што им се става на товар. За да може обвинетите да бидат прогласени за виновни мора да биде докажан секој навод од обвинителната листа. Во оваа постапка доказите од обвинението едноставно не се докажани“, појасни судијката.
Судскиот совет смета дека уплатените пари се потрошени на советодавни услуги кои се извршени, додека обвинителството не изнесе ниту еден доказ со кои тоа би го противречел.
Судијката потсети дека ниту еден од испитаните сведоци не потврдил дека третообвинетата Пирушка Цањуга побарала од првообвинетиот Тодориќ и второобвинетиот Анте Хуљев да приберат добивка која не им припаѓа за швајцарската компанија Сигман Инвест АГ. „Тоа не произлезе од ниту еден материјален доказ“, додаде Штампар Стипиќ.
Според мислењето на судскиот совет, за ослободителна пресуда клучен бил исказот на сведот Валентин Вичиќ кој изјави дека врз основа на договорот со Хуљев ја извршил работата за Агрокор.
Обвинителството тврдеше дека Тодориќ како претседател на управата на Агрокор и Хуљев, како извршен директор за финансии, во концернот во 2013 година ја злоупотребиле положбата зошто на штета на концернот овозможиле плаќањет на 1,25 милиони евра во корист на швајцарската компанија за советодавни услуги, знаејќи дека тие не биле извршени во корист на концернот.
The post Ослободителна пресуда за Тодориќ и другите обвинети во случајот „Агрокор“ (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Ослободителна пресуда за Тодориќ и другите обвинети во случајот „Агрокор“ (ВИДЕО) was first posted on октомври 7, 2020 at 8:22 pm.