9.8 C
Скопје
11:08 - 22 ноември, 2024

Општината ненадлежна, сопствениците незаинтересирани: Нема кој да ја среди зелената „џунгла“ среде Капиштец (ФОТО)

Во вистинска „џунгла“ од израснати дрвја, огромни грмушки и висока трева е претворен зелениот простор во Капиштец што се простира на потегот од Ветеринарниот центар на улица “Козара“ до Заводот за рехабилитација. Жителите од околните згради се револтирани поради состојбата во која се наоѓа оваа зелена површина веќе подолг период и бараат надлежните да преземат акција и да го средат.

-Со години е вака, вистинска шума, само чекаме мечки кога ќе излезат од неа. Шегата настрана, ваквата негрижа е несфатлива. Сите сакаме зеленило и високи дрвја, сето тоа е убаво, но ова е запуштено со години, страшно нешто. Па барем тревата да ја искосат ако не друго, да се поткастрат грмушки. На што личи ова? Срамота. Ни Општина, ни Град, никој не реагира, никој! –револтирано реагира жител од зградата лоцирана веднаш до запуштениот простор.

И навистина е несфатливо како се дозволило среде една од најурбаните населби во градот, Капиштец, со години да постои зелена површина за која никој не води грижа. Чија надлежност е овој зелен простор кој од едната страна граничи со улицата „Козара, а од другата со уреден паркинг простор во надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, спроти стариот трговски центар во „Капиштец“?

Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека не е нивна надлежност.

-Локацијата не е под наша надлежност туку е под ингеренција на општината. ЈП „Паркови и зеленило“  е надлежно за одржување на зеленилото по главните булевари и сообраќајници и градските паркови. Зеленилото во блоковите и внатре во населбите го одржуваат општините – велат од претпријатието.

Во Општина Центар пак, признаваат дека знаат за овој проблем, но дека не можат ништо да направат затоа што се ненадлежни – зелената „џунгла“ е приватен имот.

-Проблемот е стар со години и со него се соочува не само сегашниот, туку и претходните градоначалници. Сопствениците на имотот водат спор со Урбанизам, којшто засега нема решение. Поради тоа просторот е запуштен и неуреден иако на сопствениците им е наложено да се погрижат за него. Многупати нашите служби, иако не е наша надлежност, се обиделе барем да ја искосат тревата таму, но сопствениците некако дознаваат, ги бркаат косачите и дури и агресивно се однесуваат. Тие ниту го средуваат просторот ниту дозволуваат некој друг да го среди – објаснуваат од Општина Центар.

Неофицијално дознаваме дека спорот што сопствениците го имаат со Одделението за урбанизам во Општината е поради барање повисока катност на објект што треба да се гради на ова место.

Од Центар нема одговор дали има решение на ситуацијата, но очигледно на граѓаните кои живеат во блиските згради уште долго пред очи ќе им биде запуштениот простор. Иако, останува нејасно, дали секој сопственик на имот може со него да прави што сака и кога е тоа на штета на општото добро.

The post Општината ненадлежна, сопствениците незаинтересирани: Нема кој да ја среди зелената „џунгла“ среде Капиштец (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Општината ненадлежна, сопствениците незаинтересирани: Нема кој да ја среди зелената „џунгла“ среде Капиштец (ФОТО) was first posted on јуни 17, 2020 at 1:05 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....