-0.2 C
Скопје
18:40 - 22 декември, 2024

Оние што не можат да извадат пасош може да го тужат МВР

Граѓаните што не можат да извадат пасош и кои поради тоа претрпеле некоја штета, може да го тужат Министерството за внатрешни работи, ама во практика тоа ќе оди многу тешко. Професорот на Правниот факултет на УКИМ, Борче Давитковски, објаснува дека процесот за остварување на тоа право во македонските судови би бил долг и макотрпен.

– Граѓаните би морале да докажат дека претрпеле материјална штета, го загубиле здравјето или некоја бизнис-зделка, за потоа оштетата да им биде исплатена од буџетот на МВР. Но, ова би траело со години, институцијата би се правдала со законските прописи. Затоа е важно да се смени законот за јавни набавки, за да се променат процедурите и да може да се реагира во кризни ситуации како оваа со пасошите – вели Давитковски.

Поглавјето за правда, слобода и безбедност ќе биде едно од првите што земјава ќе ги отвори за пристапување кон Европската Унија. Експертите тврдат дека со тоа што граѓаните не можат да извадат обичен пасош, се поставува прашањето за институционалните капацитети за исполнување на стандардите согласно европското право.

Хелсиншкиот комитет за човекови права обезбедува правно советување на граѓаните што сакаат да покренат постапки пред судот против МВР, но не и застапување пред националните судови.

„Пропустот, односно недостигот на обрасци за патни исправи е во спротивност на определбите на државата за пристапувањето кон ЕУ. Државните институции со ваквите несериозни постапки директно го ограничуваат правото на граѓаните за слободно движење надвор од државата. Дотолку повеќе што граѓаните може да претрпат и материјална штета поради неможноста да си ги реализираат професионалните и лични патувања во странство“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Иџет Мемети: Граѓани што не можат да извадат пасош да се пожалат кај нас!

Народниот правобранител Иџет Мемети ги повикува граѓаните на кои им е оневозможено да извадат патна исправа да достават претставка до канцеларијата и ветува дека по претставките ќе се постапува.

– Ова што се случува со пасошите е за жалење. Ние досега немаме добиено претставка, а кога би ја до по овој основ. Кога би добиле претставка, би отишле да извршиме контрола во МВР, да направиме увид во документацијата за да се види зошто е дојдено до тоа и би издале препорака да се издаде пасош. Граѓанинот не е сервис на извршната власт, туку МВР треба да биде сервис на граѓаните. Оваа појава е загрижувачка. Наместо техничката влада да создаде услови за мирни, слободни и фер избори, таа го прави спротивното. До вакви проблеми доаѓа поради партиски препукувања – вели за „Слободен печат“ народниот правобранител Иџет Мемети.

The post Оние што не можат да извадат пасош може да го тужат МВР appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....