2.8 C
Скопје
17:55 - 24 декември, 2024

Обично се ваши соседи или семејни пријатели – педофилите ги запознаваат децата пред да ги нападнат

Жртви има постојано, сведочат полициските билтени, но ниту една државна институција во земјава нема формирано работна или оперативна група која би се занимавала со навремено откривање и спроведување на правдата на лица-педофили кои се обидуваат да стапат, или имаат контакт со дете.

Во Македонија полицијата и социјалните служби започнуваат случај откако жртвата ќе собере храброст, таа или нејзин близок ќе пријави дека била злоставувана од педофил. Откако се ќе се провери, и ако се утврди дека жртвата ја кажува вистината се спроведува истрага. На годишно ниво во Македонија се поднесуваат околу триесетина кривични пријави.

Дел од сторителите, велат од полицијата се возрасни, но и малолетници. Жртвите пак секогаш се деца на возраст под 16-години. Според полот, повеќе од жртвите се девојчињата.

Три деца сексуално злоставувани за месец дена – доживотни трауми

Само во последните 30 дена регистрирани се три злоставувања на деца. Во СВР Велес 28-годишна жена од велешко пријавила дека 80 годишен старец од велешко село извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, се работи на расчистување на случајот и превземање на соодветни санкции за сторителот на делото.

Во струмичката полиција пак е пријавен случај на обљуба врз малолетно машко дете од страна на 16-годишник. Случајот го пријавила мајката на малолетното дете.

Во полициската станица во Ѓорче Петров, 39-годишна жена од радовишко село пријавила дека во викенд куќа покрај патот Куманово – с.Клечовце, М.И.(20) извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

За постапките на сторителите во ваквите случаеви, психолозите велат дека станува збор за педофилите со нарушено евентуално ментално здравје, обично на постара возраст, кои се склони кон сексуално злоупотребување на децата, што претставува доживотна траума за детето.

Корените на оваа девијантна појава најчесто се кријат во сексуалните трауми од детството на педофилите, каде повеќето од нив, во раната младост имале искуство со педофил. Педофилите имаат блокада и потешкотии во воспоставувањето на подлабоки и потрајни врски со возрасните партнери, поради чувството на несигурност и страв. Затоа ги бираат децата како објект на својата сексуалност. Но, постојат и примери кои укажуваат дека педофилијата може да биде предизвикана и од чувство на социјален или професионален неуспех, или интензивен стрес по некоја болест или семеен проблем. Педофилите најчесто ги познаваат децата кои сексуално ги злоупотребуваат, односно станува збор за сосед или семеен пријател. Некои педофили, пак, одбираат деца кои случајно ги сретнале. Тие обично ги следат до местото каде најчесто престојуваат, како игралипшта и училишни дворови и на сите начини се обидуваат да им се приближат, а во тоа, за жал, успеваат – тврди психологот Ивана Петкова-Јордановска.

Регистарот на педофили содржи стотици имиња на осудени за ова кривично дело

Податоците за осудените за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија се достапни за јавноста преку Посебниот регистар достапен на интернет страницата www.registarnapedofili.mk .

– Регистарот содржи податоци за името и презимето, датумот на раѓање, адреса на живеење, кривичното дело за кое е осуден и фотографија. Дојде денот кога поголема казна за нив од казната зад решетки е да се најдат и прочитаат со име и презиме јавно на интернет страницата, рече тогашниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски на презентација на Посебниот регистар.

Во моментов регистарот има податоци за стотина осудени лица, но за проверка треба самите да го впишете името, презимето, прекарот и адресата на лицето кое сакате да го проверите.

Потребата за креирање ваков регистар произлегла од зголемениот број повторници на овие кривични дела. Според анализираните судски пресуди за периодот јануари 2004 до 2009 година од 231 осудено лице, 191 лице се примарни престапници, 38 или 16 отсто се повторници од кои 26 се еднократни повторници, а 12 осудени лица се повеќекратни престапници.

Осудените лица должни се по истекот на изречената казна најмалку еднаш годишно, пет дена пред нивниот роденден и до крајот на нивниот живот да се пријавуваат кај надлежниот судски орган, а доколку не се пријават предвидена е парична казна. Во моментов максималната казна што може да ја добие сторител на вакви кривични дека според Кривичниот законик е 15 години.

Во Германија повеќе институции и организации вклучени во „ловот“ на педофили

За разлика од Македонија, голем број од европските земји имаат развиен систем во „ловот“ на педофили. Не само државните институции, туку и граѓанските и невладините организации се вклучени во таа интернет битка за навремено детектирање на таргетираните жртви од страна на педофилите. Најдобар пример за тоа неодамнешната голема акција на германската полиција.

Германското правосудство води истрага за 30.000 лица осомничени за педофилија во западниот дел на земјата, соопштија денеска локалните власти.

Обвинетиот Јерг Л. го покрива лицето на судењето во Регионалниот суд во Келн, Германија – осуден е на 12-годишна казна затвор за силување деца и детска порнографија/ Келн, Германија 6 октомври Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

– Сакаме да ги извлечеме од анонимноста на интернетот сторителите кои злоставуваат деца и оние кои ги поддржуваат – изјави министерот за правда за регионот Северна Рајна-Вестфалија, Питер Бисенбах.

Во аферата што избувна минатата есен во градот Бергиш Гладбах досега се осомничени околу 70 лица. Осомничените со години злоставувале и злоупотребувале деца, а снимките ги споделувале со групи на интернет. Во акцијата беа откриени повеќе групи со повеќе од илјади членови.

Во соседството фокусот е на детската порнографија преку интернет

Пред неколку месеци во Република Српска полициски службеници од Оделот за високотехнолошки криминал при Управа на криминалистичка полиција реализираа оперативна акција под коден назив „Карика“ и „Инстикт“, во која се уапсени седум лица кои преку Фејсбук врбувале деца заради ширење на детска порнографија.

Оперативната акција на МВР на РС била изведена во период од септември 2019 до јуни 2020 година. Осомничените на Фејсбук врбувале деца, потоа ги наведувале да направат содржина со детска порнографија, односно барале децата да се фотографираат без облека, опишувајќи им го детално начинот како да ги фотографираат своите интимни делови од телото.

Користејќи ги апликациите Месинџер и Вибер, по пат на СМС порака осомничените договарале состанок каде што извршувале обљубување на децата. Откако договарале состаноци, детално опишувале со која цел сакаат состанок, истите доаѓале на таквиот состанок, каде што се и уапсени од полициските службеници за високотехнолошки криминал и лишени од слобода – навел извор од истрагата. Жртви на педофилите биле деца на возраст од 12 до 14 години.

Исповед на ловец на педофили: Го покриваме цел Балкан, еден детски живот да спасиме, задоволни сме!

Онлајн предаторите – таргет и на Европол

Поради пандемијата на коронавирусот, зголемени се криминалните активности, при што оваа криза се користи за личен профит. Поради тоа, зголемен е онлајн надзорот на педофилите и криминалците, се наведува во извештајот на Европол.

„Криминалците се многу флексибилни и брзо се прилагодуваат на новите услови и наоѓаат нови начини за заработка. Користејќи различни начини на манипулација, криминалците од корисниците се обидуваат да добијат доверливи податоци како што се: корисничко име, лозинка, податоци од кредитни картички…за да остварат финансиска корист“, се додава во извештајот.

Уапсени 338 лица во меѓународна истрага за педофилија на интернет

Исто така, се наведува дека кризата во период на коронавирусот „ги отвори вратите и за педофилите“, поради тоа што децата сега се повеќе време дома, на компјутер и се чувствуваат осамени.

„Бројот на предатори кои демнеат над децата на социјалните мрежи и форуми се зголеми значително, бидејќи децата во оваа ситуација се повеќе ранливи од вообичаено. Педофилите ја користат оваа ситуација за да стапат во контакт со нив и да воспостават однос на доверба за да ги убедат да преземат различни активности од испраќање голи фотографии до создавање односи за идниот период“, се наведува во извештајот.

Во Франција уапсени 60 лица за педофилија и детска порнографија

 

 

The post Обично се ваши соседи или семејни пријатели – педофилите ги запознаваат децата пред да ги нападнат appeared first on Слободен печат.


Обично се ваши соседи или семејни пријатели – педофилите ги запознаваат децата пред да ги нападнат was first posted on октомври 29, 2020 at 4:09 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....