2.8 C
Скопје
18:02 - 23 декември, 2024

Нови истражувања откриваат колку време коронавирусот се задржува на парите и на екранот од мобилниот

Коронавирусот може да се задржи 28 дена на површини како што се банкноти, екрани на телефон или челик, велат научниците.

Според истражувањето на научници од Австрија, од агенцијата ЦСИРО, овој вирус може да се задржи многу подолго на некои површини отколку што порано се мислеше.

Вирусот најчесто го пренесуваат луѓето кога кашлаат, киваат или зборуваат. Меѓутоа, експертите наведуваат дека тој може да се шири со честички во воздухот, како и преку површини како што се метал и пластика.

Според претходните лабораториски истражувања, коронавирусот може да преживее два до три дена на банкнкоти и стакло и околу 6 часа на пластика или нерѓосувачки челик.

Меѓутоа, најновите истражувања укажуваат на „силна отпорност“ на вирусот кој може да преживее и до 28 дена на мазни површини, како што се стаклото од екраните на мобилните телефони, на пластика и банкноти на 20 степени Целзиусови, што е, како собна температура.

Заради споредба, вирусот на грип во исти услови може да преживее 17 дена.

– Утврдувањето колку вирусот може да преживее на површините ни овозможува точно да предвидиме и да го ублажиме неговото ширење и подобро да го заштитиме нашиот народ, рече еден од истражувачите Лари Маршал.

Во истражувањето ЦСИРО, кое е објавено во списанието „Вирусологија“ (Virology Journal), се наведува дека вирусот кратко време преживува на повисоки температури, и дека престанал да биде заразен во рок од 24 часа на температура од 40 степени Целзиусови на некои површини.

Сите експерименти се спроведени во темница, зошто е утврдено дека УВ светлото го убива вирусот.

Авторите наведуваат дека способноста на коронавирусот да се задржи на не’рѓосувачки челик на ниски температури може да ја објасни појавата на вирусот во постројките каде се обработува месо и во ладилниците.

Илјадници работиници се заразени од коронавирусот во погоните за преработка на месо и во кланиците ширум светот.

Други причини за заразување се работните услови кои подразбираат близина меѓу работниците, студено и влажно опкружување, како и потребата да се вика поради галамата која ја создаваат машините. Вирусот, исто така може да преживее на свежа и замрзната храна, наведува БиБиСи.

The post Нови истражувања откриваат колку време коронавирусот се задржува на парите и на екранот од мобилниот appeared first on Слободен печат.


Нови истражувања откриваат колку време коронавирусот се задржува на парите и на екранот од мобилниот was first posted on октомври 11, 2020 at 9:07 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....