3.8 C
Скопје
20:03 - 21 декември, 2024

Не е прашање кој сака, туку кој нема да влезе во составот на Заев

Партијата СДСМ по тесната победа на предвремените парламентарни избори на 15 јули очекува да ја формира новата влада на чело со лидерот Зоран Заев, но многуте комбинации што го прават збирот од 61 пратеник ја комлицираат формулата за парламентарно мнозинство. Резултатот – 46 пратеници за коалицијата „Можеме“ на СДСМ, наспроти 44 за „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ им дава предност на социјалдемократите во претстојните „официјални“ преговори за состав на владата. Иако мала според бројот на пратеници, според многумина таа предност е пресудна за тоа кој прв ќе формира парламентарно мнозинство.

Секако, не е исклучено дека преговорите може да се искомпликуваат поради бројот на освоени мандати во албанскиот политички блок и поради расположението за соработка. Да потсетиме – ДУИ освои 15 пратеници, коалицијата на Алијансата на Албанците и Алтернатива 12 и ДПА еден пратеник, плус Левица со два партеника. ДУИ најави дека не сака да биде во влада со Левица, Алијанса не сака влада со ДУИ, а тука се и „можностите“ за премин на пратениците од една во друга коалиција, па дури и потенцијално раскинување на предизборните коалиции и самостојно дејствување на партиите што освоија пратенички места.

Во јавноста се споменува и можноста Македонија да се најде под надворешен притисок за да се формира широка владина коалиција што ќе ги продолжи евро-интегративните процеси, а последна и најмалку веројатна опција – ако сите преговори пропаднат – да се организират нови избори со надеж дека ќе резултираат со стабилно мнизинство.

 

Многу собироци до збир 61

 

СДСМ официјално се уште не преговара за парламентарното мнозинство, но вчера со соопштение до јавноста порача дека „следува формирање Влада предводена од СДСМ, која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните“. Пред неколку дена, пак, партијата најави дека  „сите пратеници ќе имаат можност да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и од меѓународната заедница“, што беше протолкувано како потврда дека СДСМ планира да го зголеми своето пратеничко конто со пратеници од други партии.

„Со победа на СДСМ и коалицијата, граѓаните недвосмислено потврдија дека сакаат државата да продолжи напред. Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност. Граѓаните сакаат да живеат во економски напредна држава со европски вредности дома, држава во која законите се еднакви за сите и држава горда членка на НАТО и рамо до рамо еднаква со најмоќните земји во светот. Следува формирање Влада предводена од СДСМ“, соопшти вчера партијата.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека СДСМ е фаворит да состави мнозинство согласно со изборните резултати, но и според изјавите од меѓународните претставници – генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, американската амбасадорка Кејт Брнс и на амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар – дека сакаат во Македонија да се одржи континуитетот на евроатланските реформи.

– СДСМ има само два начина да состави влада, со ДУИ или без ДУИ. Доколку ја состави без ДУИ, тоа ќе биде широка коалиција со Алијанса за Албанците и Алтернатива, без Левица, и со неколку пратеници од противничкиот табор кои би преминале на страната на коалицијата „Можеме“ слично на процесот кога се изгласаа уставните промени за Преспанскиот договор. Втората можност за СДСМ е да направи влада со ДУИ во која би влегла и коалицијата на Алијанса и Алтернатива. Јас не очекувам дека оваа коалиција постизборно ќе се растури – вели Арсовски за „Слободен печат“.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев пак, го обвини СДСМ дека до мнозинство ќе дојде со поткуп на пратеници и најави дека од пратеничката говорница ќе ги каже имињата на петмината пратеници на кои им се нуделе суми од 100 илјади до 500 илјади евра за да преминат во СДСМ.

 

Новата влада ќе почне да работи во септември

 

Според генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, партнери на СДСМ во новата влада ќе бидат сите што се залагаат за економска обнова и одлучно спроведување на судските реформи. Тој повика и на обединување со опозицијата во име на повисоките цели. „Победникот на овие избори е СДСМ и коалицијата „Можеме“ со претседателот Зоран Заев како мандатар. Како победници, секако дека ние ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и за тоа има повеќе исклучително реални исходи. Изборот ќе биде оној кој ќе нè одведе најбрзо и најефикасно до прогрес во преговорите со ЕУ, реформирано судство, зајакната економија, добрососедство и мир, деполитизација на општеството и цврст одговор на предизвиците од Ковид-19. Време е да имаме политика во која владата и опозицијата работат заедно за консензуалното добро, во која опозициските предлози што вредат се прифаќаат без збор, во која има вистинско обединување на националните интереси од сите сериозни партии! Не е време за поделби“, напиша Николовски во најновата колумна.

Неодамна тој рече дека СДСМ веќе контактира со повеќе субјекти, а преговорите ќе почнат веднаш по Илинден и дека не гледа потреба за широка коалиција, посебно не кога има јасен победник со повеќе опции и варијанти за составувањето на новата влада.

„Во јавноста се појавуваат многу шпекулации и уште повеќе лажни вести кои произлегуваат од разни подруми. Ова не е време ниту за нови предвремени избори, ниту за технички влади, ниту за ротации на премиери. Ова е време за стабилна влада која ќе одработи цел мандат за доброто на граѓаните, влада фокусирана на економијата, правдата и преговорите со ЕУ“, категоричен е Николовски, според кого ДУИ покажува непотребна ароганција со туркањето на идејата за Албанец премиер и дека мандатот за формирање влада го добива партијата што ќе освои најмногу пратеници.

И лидерот на СДСМ Заев е уверен дека во текот на август ќе заврши конституирањето на Собранието и потоа тој во рок од 10 дена ќе го добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски, по што за 30 дена ќе ја состави идната влада, која очекува да профункционира во текот на септември.

The post Не е прашање кој сака, туку кој нема да влезе во составот на Заев appeared first on Слободен печат.


Не е прашање кој сака, туку кој нема да влезе во составот на Заев was first posted on јули 28, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....