1.8 C
Скопје
16:04 - 23 декември, 2024

Наша повратничка во карантин: Полицајците ми рекоа ако имаш врски утре ќе дојдат да те земат

По објавата на Слободен печат за патешествието на 92 Македонци кои се вратиле од работа на брод во Америка и биле сместени во државен карантин во Охрид, до нашата редакција секојдневно стигнуваат слични поплаки од повратници од странство. Меѓу нив се и Македонци кои работеле на брод во компанијата „Seabourn“, а кои по враќањето во државава, биле однесени во хотел Славија на Попова Шапка.

Милевска Душица е дел од оваа група која се жали на крајно лошите услови во собата каде била сместена како и на нехуманиот начин на кој била третирана по доаѓањето во земјава.

„После 3 месеци, благодарение на нашата компанија „Seabourn“ која се грижеше за нас, ни мереше температура редовно 2 пати на ден, 3 месеци немавме гости и немавме контакт со други луѓе. Цели 3 месеци не знаевме што е копно. Стоевме сред море, бевме изолирани секој сам во соба и не сместија во гостински соби. Дојдовме во нашата држава во која очигледно од здрав ќе излезеш болен! Во овие соби ни животни не би спиеле! Незнам кога последен пат некој влегол да дезинфицира, да исчисти и да избрише прашина. Постелнината мириса на неиспрано, на старо и е нечиста, тоалетнотоказанче е расипано и се поплавува цело купатило“, посочува Милевска која ни испрати и фотографии и видеа од условите во хотелот.

Во разговор за „Слободен печат“, Милевска детално го опиша своето искуство по доаѓањето во Македонија.

– На 14 мај јас и моите колеги кои работиме за бродската компанија „Seabourn“ пристигнавме во Македонија преку граничниот премин Деве Баир. Летот ни беше Амстердам-Софија, па од Софија до граница дојдовме со такси. Прво да напоменам дека од 13 март сите не сме во карантин, тој период бевме во Аргентина, Буенос Аирес, од каде гостите тој ден си отидоа дома и од тогаш па се до 14 мај ние немавме контакт со други луѓе. Нашата компанија ги откажа сите резервации. 65 дена бевме на море, притоа доаѓавме од Антартикот, каде има само пингвини и се придржувавме до сите правила на CDC (Center for Disease Control). Не одделија, секој од нас спиеше сам во соба. Два месеци по два пати на ден ни мереа температура. Строго се придржувавме до социјалното дистанцирање од 2 метри, носевме маски и ракавици, иако сите ние меѓусебе се познававме. На аеродромите во Холандија и Бугарија лекар ни измери температура и ни постави неколку прашања од типот од каде доаѓаме и дали сме имале контактсо луѓе позитивни на Ковид-19 и слично, но дојде моментот кога стигнавме во нашата држава Македонија – земја на чудата  – раскажува Милевска и додава дека кај нас на граница не ги пречекла лекар.

Таа потоa ни го опиша начинот на кој заедно со останатите патници биле третирани по пристигнувањето во земјата.

– Кога пристигнавме на нашата граница Деве Баир, граничната полиција веднаш ни ги зема пасошите и не пикна во мала просторија полна со ѓубре, нечиста, насекаде имашемравки и ни кажа да чекаме таму додека не дојде автобусот да не земе. Автобусот кој дојде да не земебеше нечист, имаше остатоци од храна и ѓубре од претходните патници, самиот возач ни кажа дека тој автобус никој не го чисти и дека не е дезинфециран. Не пикнаа во автобус како кримналции, не ни ги даваа пасошите, а ние немавме никаква информација каде одиме. По пат собравме уште четворица други кои исто требаше да одат во карантин со нас. Автобусот застана во Куманово, затоа што тука се сменија полицајците и прашавме дали може некој од нас да оди во тоалет, бидејќи не знаевме каде одиме и колкав пат не чека. Одговорот беше дека неможе, а по долга расправија со полицајците на крај ни кажаа ако сакаме и ако не се срамиме да извршиме нужда на автопат – раскажува Душица.

Кога пристигнале на Попова Шапка доживеале уште еден шок. Полицајците ги прозивале двајца по двајца за да ги сместат во соби.

– Ги прашав каков е тој карантин ако не мешаат во соба со луѓе кои не ги познаваме. Ми одговорија дека така им е наредено и дека немаат ништо со тоа. На крај сите отидоа во соба бидејќи не најдоа друго решение. Јас и уште една жена останавме до 03 часот пред хотелот бидејќи не сакавме да влеземе. Зошто јас да делам соба со жена што не ја познавам, не знам од каде патува, не знам дали е заразена?! Имам родители дома со кои можам да делам соба и за кои сум 100 отсто сигурна дека се здрави и не се заразени. Зошто јас три месеци се штитам и спијам сама во соба? За да дојдам во Македонија, земја од која влегуваш здрав, а излегуваш болен – прашува Милевска.

Таа се јавувала во други хотели со подобри услови и секаде имало слободни места.

– Не сум гневна да чекам државата да ми плаќа, самата сум способна за тоа. Им кажав на полицајците дека ќе си платам 14 дена хотел, само да ме однесат на друго место со подобри услови и хотел каде ќе спијам сама, а не да делам соба со непознати луѓе. Тие ми кажаа дека не смеат никаде да ме ност и дека им е наредено да не донесат на Шапка, а исто така ми кажаа девојче преспиј ја ноќта тука, па ако имаш врски во полиција или Влада утре ќе дојдат да те земат, не се секирај, бидејќи така правеле тие што имале врски. Значи во оваа држава ако немаш врски, немаш ни иднина и не можеш да успееш, бидејќи за жал таков е нашиот систем. Ако немаш врски не заслужуваш нормални услови каде треба да престојуваш 14 дена – вели Милевска.

Publiée par Milevska Dushica sur Vendredi 15 mai 2020

Душица на крај со помош на лекар од Тетово кој го контактирала, успеала да добие соба со подобри услови, но сепак вели дека поминала низ вистински „хорор“.

– Поради ваквите услови и третирања како животни и криминалци младите не ја гледаат иднината во оваа држава! Се надевам дека ова мое хорор искуство ќе стигне до надлежните и дека за наредните луѓе ќе се преземе нешто – заврши Милевска.

„Слободен печат“ се уште чека одговор од МВР, дали е точно дека полицајци така нехумано се однесувале со нашите повратници, како што обвинуваат тие и дали, МВР евентуално ќе спроведе истрага за односот на своите службеници.

The post Наша повратничка во карантин: Полицајците ми рекоа ако имаш врски утре ќе дојдат да те земат appeared first on Слободен печат.


Наша повратничка во карантин: Полицајците ми рекоа ако имаш врски утре ќе дојдат да те земат was first posted on мај 22, 2020 at 1:55 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....